Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Критика

Неколку реинтерпертирани тези на В. Бенјамин

или: Уметничкото дело во добата на техничката браузибилност


/4
стр. 1
Бранислав Саркањац

    Во суштина, аматерот што се враќа дома со огромен број уметнички оригинални снимки нималку не се разликува од ловецот, кој од пусијата се враќа со многу дивеч, кој има вредност само за трговецот. И навистина не е далеку денот, кога ќе има повеќе продавници за илустрирани списанија од продавниците за дивеч или живина. Толку за кликањето.
    In der Tat ist der heimkehrende Amateur mit seiner Unzahl künstlerischer Originalaufnahmen nicht erfreulicher als ein Jäger, der vom Anstand mit Massen von Wild zurückkommt, die nur für den Händler verwertbar sind. Und wirklich scheint der Tag vor der Tür zu stehen, da es mehr illustrierte Blätter als Wild– und Geflügelhandlungen geben wird. Soviel vom ‘Knipsen’.

(W. Benjamin, Kleine Geschichte der Photographie)

    По 1880-та година фотографите ја гледале својата задача повеќе во тоа да ја доловат аурата, која со откривањето на објективите што се поосетливи на светло, во својата суштина била потисната од сликата[1].
    Die Photographen jedoch sahen in der Zeit nach 1880 Aufgabe vielmehr darin, die Aura, die von Hause aus mit der Verdrängung des Dunkels durch lichtstärkere Objektive aus dem Bilde genau so verdrängt wird[2].
    Постојано суштествено за фотографијата е односот на фотографот спрема неговата техника.
    Und doch ist, was über die Photographie entscheidet, immer wieder das Verhältnis des Photographen zu seiner Technik. (S.377)
    Изложбата и дискусијата во која учествуваа уметниците покажаа дека овој однос не е суштествен за нивниот уметнички пристап и дејствување. Тоа дури и е нагласено во дискусијата која е мотивирана и од потребата да се отфрли приговорот на фотографот (неколку присутни во дискусијата – на пр., Елизабета Аврамовска) кој ја застапува оваа теза.
    Она што го определува користењето на фотографијата од страна на уметникот е постојано дадено во многу поширок однос меѓу уметноста и техниката.
    Ако воопшто нешто ги обележува денешните односи меѓу уметноста и фотографијата, тоа е постојаната тензија, којашто настанала со појавата на фотографијата на уметничките дела.
    Wenn eins die heutigen Beziehungen zwischen Kunst und Photographie kennzeichnet, so ist es die unausgetragene Spannung, welche durch die Photographie der Kunstwerke zwischen den beiden eintrat. (S. 382)
    Ако воопшто нешто ги обележува денешните односи меѓу уметноста и фотографијата тоа не е тензија. Главното разидување на фотографот и уметникот во Македонија (заклучок што се изведува според изложбата и дискусијата) е токму во тоа што уметникот воопшто не ја живее ниту има потреба да ја обработи оваа тензија – ниту пак да ја признае доколку критичарот ја ‘види’. Се чини дека фотографот, односно фотографијата-како-уметност, ја наметнува таа тензија, нагласувајќи го прашањето

_____________________________________

1. На  латиница се дадени цитати од Валтер  Бенјамин од Уметничкото дело во ерата на  техничката репродуктивност и Мала  историја на фотографијата.
2. W. Benjamin, Kleine Geschichte der  Photographie, Gesammelte Schriften Band II-1, Suhrkamp Verlag, Frankfurt  am Main, 1974, S. 377.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+