Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Критика

Нарцизмот и (само)задоволството во текстот

/5
стр. 1
Јадранка Владова

    Аспектот на оваа тема го пронајдов во секогаш инспиративниот гениј на Аристотел, во текстот без кој не може да се замисли теоријата на литературата. Уште Аристотел во Поетиката ја отвора можноста за читањето на текстот низ клучот на еротското, па идејата за текстот набљудуван како тело, иако придобивка, пред сè, на теориската мисла на нашето време, ја наоѓаме иницирана во овој капитален текст на нашата цивилизација кон кој секогаш ќе се навраќаме како кон антиципирачко јадро за многу теориски идеи.
    Аспектот од кој поаѓам е поместен во IV глава на Поетиката во делот од текстот каде ги читаме, четирите важни поѓалишни точки за мојата натамошна елаборација на темата:

    „… подражавањето им е вродено на луѓето уште од детската возраст; по тоа тие и се разликуваат од другите живи суштества што се најмногу склони кон подражавање што своите први знаења ги постигнуваат преку подражавањето и што (1) сите луѓе уживаат во подражавањето. Доказ за тоа е она што се случува при гледањето уметнички дела: зашто и оние предмети и суштества што ги гледаме со гадење кога се во природна состојба, како на пример, (2) облиците на најгрдите животни и мртовци, нивните слики, кога тие се предадени сосем верно, ги гледаме со задоволство. Причината и за ова лежи во тоа што (3) сознавањето им е пријатно не само на философите ами и на други луѓе, само што овие (за) кратко време учествуваат во тоа (уживање). Луѓето, пак, затоа ги гледаат сликите со задоволство, зашто со гледањето почнуваат да сознаваат и да размислуваат, што претставува секое нешто, како да се потсетуваат: „па тоа е оној“, бидејќи (4) ако случајно го нема пред тоа видено, делото нема да предизвика задоволство како подражавање, ами само поради вештата изработка, или поради бојата или поради некоја друга таква причина.“[1]

1. Ставот: сите луѓе уживаат во подражавањето со глаголот (уживаат) е вистинската дистинкција на вродениот нагон кој го поседуваат сите живи суштества и кои се интегрираат во светот на возрасните од својот род, токму со имитацијата. Тоа значи дека мимезисот со чија помош уметноста ја ре-креира природата, исто така, е нагон. Но, овој нагон не е универзален, него го чувствуваат, со него се обдарени само мал број луѓе. Значи, освен квантитавниот критериум релевантен за учењето на животот, во овој случај можеме да го вклучиме и квалитативниот, селективниот, бидејќи нагонот да се прави уметност е дистинктивен во рамките на човечкиот род кого, пак, како споредлив со божественосата на Креаторот на природата можеме

_____________________________________

1. Глава 4, За поетиката. Скопје 1979, стр. 22-23.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+