Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Галерија Осврти

Спектрален поглед врз идеолошките аспекти на творештвото на О. Стоун и С. Ли

/13
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

Пролог

   Наизглед, нема некој посебен повод за компаративно согледување на творештвото на овие двајца режисери. Освен тоа што авторот на овој есеј (компаративист по струка), проучувајќи го постмодернизмот како дел од својата М.А. – наидува на фрапантна идеолошка живост на светската теориско-поетичка мисла, наспроти идеолошкото мртвило во својата национална средина. И што во интервал од неколку дена, на две различни приватни телевизии, виде по една, веројатно пиратирана, копија од „Салвадор“ на Оливер Стоун и „Девојка шест“ на Спајк Ли. И се соочи со она што претходно го кажа: овие два филма (а и поголем дел од нивното целокупно филмско творештво, што ќе биде дополнително утврдено) и по својата уметничка структура можат да се сместат во еден социо-политички контекст што силно ги илуминира и им дава посебна боја. Тие два контекста се различни меѓу себе, но во рамките на постмодерната парадигма се спектрално доближени, односно во разликите можат да се видат сличности.

Двоен фокус

   Ако појдеме од ефемерните сличности ќе констатираме дека и двајцата се Њујорчани, што ќе рече, и двајцата во себе го носат истиот интелектуален background на метрополата број еден по Втората светска војна. И двајцата се уникатни во естетско-формалниот план на своето творештво и имаат дисперзиран уметнички хабитус: се јавуваат и како режисери, сценаристи, продуценти, снимаат и играни филмови и документарци, а Спајк Ли и видео-спотови и рекламни кампањи. И двајцата се големи ерудити и детално упатени во историскиот, социо-политичкиот и идеолошкиот контекст на својата земја.
       Тие и двајцата припаѓаат на она што се нарекува mainstream продукција, иако нивниот идентитет во неа е определен од спротивното, од нивното неприпаѓање, нивната изместеност, ексцентричност во однос на mainstream-от.
       Всушност, овој заеднички есеј за Оливер Стоун и Спајк Ли е артифициелно поврзување, како дополна, на она што се има веќе случено во социополитичкиот контекст од кој што тие го црпат својот уметнички идентитет. Тоа е, од сите политички теоретичари видено како најуспешно, поврзувањето на левите, работнички партии со етничко-расните движења во „коалиција виножито“, а во рамките на борбата и отпорот кон доминантната демократско-републиканска, БАСП идеологија на Америка, што особено дала резултати во локалните средини, дури и на поголемите градови, како Чикаго, на пример.
       Зашто ако побараме клучна одредница што овие двајца режисери ги поврзува, тоа е нивната индивидуална борба, кај Стоун од либерално-левичарска, а кај Ли од расна позиција, против Големата приказна (во Лиотаровска смисла на зборот) на доминантната култура и традиција, односно против моќта на поредокот и узурпаторството на силите на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+