Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Звук Осврти

Интервју со Ван Вилкс

/3
стр. 1
Васја Ивановски

Во Остин, Тексас, град познат по своите одлични гитаристи, Ван Вилкс отсекогаш се смета за еден од најдобрите. Неговиот талент како гитарист и водач на бендот му овозможија да се здобие со признанија на критиката и редица почести од кои круната беше неговиот прием во „Тексашката сала на славните“, покрај легендарните музичари од таа држава.

Во својата трета декада како водач на виталната музичка сцена на Остин,  Ван Вилкс „продолжува да создава жежок гитарски рок“, вели списанието „Остин Кроникл“, создавајќи музика во која се препознаваат неговите блуз корени комбинирани до крајни граници со фанкот, хард рокот и поп аромите. Неговиот талент за правење исклучителен, тежок, со блуз обоен рокенрол го „натера“ соработникот на престижниот англиски „Керанг! Магазин“ да ја прогласи за ремек дело плочата на Ван Вилкс „Солзите на Бомбај“ во издание на „Меркјури“.

Неговиот бенд познат исто така под името „Ван Вилкс“ ги освои првите места на различни рангирања, како на списанието „Остин Сан“ (Најдобар бенд на годината), „Остин Кроникл“ (Најдобар хард рок бенд четири години по ред) и други. Прогласен за „совршен премин помеѓу Џими Хендрикс и Ван Хејлен“ од списанието „Остин Американ Стејтсмен“, Ван Вилкс правеше турнеи со имиња како „ЗиЗи Топ“ (чиј водач Били Гибонс е еден од неговите најголеми почитувачи и фанови), „Харт“ и многу други.

Најновото ЦД на Ван Вилкс насловено како „Засолниште на Коко“ се здобива со одличен прием на фановите од целиот свет, потврдувајќи ја неговата репутација. Ван е навистина „она вистинското“!

-----------------------------------------

Ова е неговата приказна за „Блесок“, раскажана на Васја Ивановски:

Почнав да свирам некаде во времето на таканаречената „британска инвазија“ 1963-64 кога „Битлси“ и други групи од Велика Британија ја „освоија“ Америка. Тоа беше мошне значаен период во историјата на музиката. Мојот вујко имаше продавница за музикалии и настапуваше со години во „кантри“ бендови во Лабок, Тексас. Тој беше голема инспирација за мене со приказните за личните познанства со Бади Холи и Рој Орбисон. Татко ми свиреше виолина, а колку што паметам, и некои други роднини се занимавале со музика.

Најраните музички влијанија ги лоцирам во англиските групи: пред сè, тука се „Битлси“, „Крим“, „Јардбрдс“, Џеф Бек и „Лед Цепелин“. Се разбира, тука треба да се спомне и Џими Хендрикс. Англиските групи го свиреа стариот американски блуз со голем ентузијазам, тие ни ги отворија очите, а јас многу го сакав тоа.

Блузот и рокот се основа на мојата музика. Јас не читам ноти, едноставно свирам од срце и со душа. Инаку, слушам секаква музика.

Мојата сценска опрема ја сочинуваат






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+