Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Театар Теорија

Освојување на слободата

четири децении македонска драма: од „Црнила“ до „Словенски ковчег“


/24
стр. 1
Јелена Лужина

    Оваа книга содржи точно она што е декларирано во нејзиниот наслов: десет современи/модерни драми, напишани од десетмина современи/модерни македонски автори. Според критериумите какви што може да ги застапува еден театролог (а не книжевен критичар или историчар на литературата!), книгата настојува што е можно пообјективно да ги претстави десетте релевантни театарски пиеси што во текот на последниве четири децении од дваесеттиот век со успех биле изведувани не само во Република Македонија, но и надвор од неа.
    Ништо повеќе, ама и ништо помалку од тоа.
    Оваа книга, значи, не е конципирана како некој вид антологија на современа/модерна македонска драма, така што навистина нема никакви намери (ниту, пак, амбиции) да ги претставува десет современи/модерни пиеси што во Македонија се сметаат за најдобри. Ниту најубави. Ниту пак најинтересни. Ниту, да речеме, најзнаковити/најзначајни за четиридеценискикиот развиток на драматиката и на театарот на оваа почва. Макар што е сосема очебијно дека сите десет избрани/селектирани драми се и добро напишани, и исклучително интересни, но и сигнификатни за актулениот статус на македонската современа/модерна драматика, односно за современиот/модерниот македонски театар, оваа едиција – просто – не сака да се оптоварува со некакви „ексклузивни“ антологиски амбиции. Нејзината намера е сосема обична и – сосема практична.
    Оваа книга, понатаму, не е замислена само како базична информација за модерната македонската драматика и за модерниот македонски театар, макар што е подготвена да ја исполни и оваа важна задача: имено, освен десетте избрани/селектирани драми, таа ја вклучува и сета нужна театрографска апаратура, која ги подразбира и сите битни информации за претставените автори и нивните пиеси, за театрите во кои тие се поставувани, за режисерите и ансамблите што ги изведуваа, за нивната рецепција во и надвор од Македонија… Затоа што ниту може а ниту сака да ја „одвојува“ драмската од театарската практика, ниту пак да на овие две комплементарни практики гледа одделно/сепаратно, книгата настојува кон селектираните десет драми да се однесува токму онака како што претходно – во протег на изминатите четириесет години кон нив се однесувал и македонскиот театар. Впрочем, тезата дека без националната драматика не може да го има ниту националниот театар (ама и vice versa, бездруго!), уште некаде помеѓу 1767 и 1768 сјајно ја елаборирал добриот-стар Лесинг (Lessing, 1950), со што го направил излишно секое нејзино дополнително коментирање.
    Најпосле, оваа книга – токму затоа што приоритетно му е наменета на читателот-странец, кој македонскиот театар и македонската модерна драматика досега најчесто/главно ги запознавал преку инцидентни/случајни среќавања на некои интернационални фестивали, та и за двете знае






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+