Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 19 | година IV | февруари-март, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 19февруари-март, 2001
Театар Текст

Црнила

- пиеса во четири дела -


/10
стр. 1
Коле Чашуле

Лица:


    НЕДА
    ИВАН
    МИЛКА
    ЛУКОВ
    ХРИСТОВ
    ФЕЗЛИЕВ
    МЕТОДИ
    МЛАДИЧОТ
    

за творештвото на Чашуле:
    Јелена Лужина: Освојување на слободата
    Билјана Црвенковска: Коле Чашуле: апсурдист и/или антиутопист

Дејството се одигрува во 1921 година, во Софија

Лицата и настаните во оваа драма се измислени. Секоја сличност со постојните тогаш лица е случајна и ненамерна.

Авторот

„Долу по полено, по врабацине, до срцево
    Сè е така и ноќ и нож в плеќи забиен
    Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака
    Ме плаши час од рака своја в плеќи“.

     Анте Поповски

ЧЕТИРИ ЅИДА. Во нив урамена – пустелија. А сè е тука: слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
    Мразни прсти светлина се преклани врз кожите.Тишина.Негде вон пригушен женски отпор.Вратата се отвора.Во пустелијата се урамува првин таа – Неда и веднаш потоа тој – Иван.

НЕДА: … А сега, ти се молам – оди си.
    ИВАН: (Ја затвора вратата зад себе и влегува во собата. Се гледа дека не му е достатна дотогашната љубовна игра и сака да ја продолжи.)
    НЕДА: Иване, мили… биди добар. Биди разумен. Иване, се плашам.
    ИВАН: Се плашиш? Од него? Од мажот?
    НЕДА: Иване, ти се молам.
    ИВАН: Прости. Не мислев да те навредам. (Трга накај неа. Очевидно е дека сака да го поправи тоа што го згрешил.)
    НЕДА: Не… Не… Не… Не, мили. (Отпрвин таа се противи, се обидува да се ослободи од неговата челична стега, да се откине од неговиот здив, но не успева. Потоа, ненадејно и во див грч, почнува да го прекрива со трескави бакнежи неговото лице, неговиот врат. Нејзините зборови се неразбирливи и прилегаат повеќе на изгубени, искинати крикови.)
    ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
    НЕДА: Не. Не. Не гледај ме. (Сета се впива во неговата прегратка. Едно време остануваат така замолчени. Потоа, проговорува Иван. Сега веќе неговиот глас е подруг, топол, загрижен, а тој самиот е замислен, загледан негде пред себе.)
    ИВАН: Ех, ти. Се сеќаваш ли за вечерата кај Иванов? Јас бев штотуку дојден од фронтот, уште груб, острвен, со сета душа потоната во крвје и сосем одвикната од бледите лица на Софија, со нејзините женски тоалети и парфеми…






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+