Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Проза

Кој ја запали темнината?

(Семејни врски)


/3
стр. 1
Жељко Иванковиќ

БАСНА
    Не треба да се меша со Босна. Во басните животните се стекнуваат со човечки особини, а во Босна луѓето со животински.

БОРИС
    Ненадејна појава. Автентична, жилава, отпорна. Омилена. Долго безимен, го бараше своето место во светот. А тогаш го освои, не одземајќи го од другите. Ме тераше да се навикнам дека имам синови, на прашањето „Како е син ти?“, да одговорам „Кој?“. Ми го промени животот. Ни го промени животот. На Роман му се замеша во наследството. Наследство? Ќе може ли воопшто, по оваа војна, за тоа да се зборува? Дури, веројатно, ни ја олесни загубата на Предраг, на мојата мајка, загубата на Вареш…

БРАТ
    Тоа е она што ти го раѓа мајката и што го оставаш дома кога како најстар ќе појдеш во светот. Тоа е она што ја има твојата крв, твојот татко, твојата мајка, а ретко со него се разбираш, бидејќи патем низ светот си собрал други сродници, со друга крв. Тоа е она што ти јавува дека мајка ти умрела, а ти не можеш да сфатиш бидејќи радиоврската е толку ладна, толку лоша, а има толку многу шумови. Ако имаш и друг брат, тоа е она што никогаш нема да го чуеш, бидејќи војната неспособните ги прави понеспособни, способните уште поспособни, макар, помалку и сосем поинакви. Едниот е во Армијата на БиХ. Другиот во ХВО. Едниот го бранеше Вареш од другиот. Потоа вториот го ослободи Вареш од првиот. Сега едниот е славен ослободител. Другиот е ранет и се наоѓа на територијата на заедничкиот непријател. Ништо не разбирам, а не сум сигурен дека ним нешто им е јасно. А на сестрата, мислам дека дури нејзе ништо не ѝ е јасно. Фала му на Господа што мајка ми е мртва и не мора да се труди ништо да разбере.

ВАРЕШ
    Тоа е кога имаш родно место и тоа е впишано во твоите документи. Во тоа место имаш свои гробови и сè свое. Тоа е кога се околу него војници кои не го сакаат, а во него се два вида бранители кои го сакаат и тие ќе се испотепаат околу тоа кој повеќе го сака, а оние што не го сакаат не прават ништо против него. Слабите бранители на Вареш му нанесоа зло, оние појаките – уште поголемо зло. Најлошо е што моите браќа беа во оние две различни војски што го сакаат тој мој Вареш. Најлошо е што за ништо не се прашуваа. Најлошо е што тој мој Вареш падна. Мојот брат го бранеше.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+