Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Проза

Не ја гасни ламбата

/8
стр. 1
Фахри Каја

    Селото Чифлик за време на Османлиите беше еден од поголемите чифлици на Зулфикар Бег. Бидејќи околината беше богата со пасишта, Чифлик беше особено погодно место за одгледување на крупен добиток. Меѓутоа, со војните, со аграрните реформи и со разни национализации Зулфикар Бег го изгуби чифликот и со време сопственици на чифликот станаа чифчиите што долги години работеле за бегот. Како нови газди на распарчениот чифлик убаво си живееја и одгледуваа стока на парцелите што се наоѓаа на висорамнините. А не беше мал ни бројот на селаните што се занимаваа со пчеларство. Поради костените што беа засадени уште кога чифликот беше на Зулфикар Бег, медот имаше некаква темна боја, а тоа во градот многумина го бараа, мислејќи дека е најдобар. Неколку новодојдени селани, пак, што немаа дел од чифликот, печеа вар. Беше тоа мачна работа. Но мораше од нешто да се живее. Рака на срце, сите некако добро живееја. Некои дури си ги обновија куќите, а неколкумина изградија нови живеалишта. Добро им беше.
    Меѓутоа, еден ден, како што велеше куциот Омер од Горно Маало, „над селото се појави црн облак, а во селото влезе чума“. Селаните почнаа да се селат. Ова не беше селидба од село во град или во некое село со побогата земја за обработување туку селидба во далечна Анадолија. Се се сврти наопаку. Сите размислувања за иднината, сите сонувања ги распарчи „северен ветер“, ги голтна оној „црниот облак“ на куциот Омер. Едно од ретките села во кое живееја само Турци, почна да се растура. Секоја недела по една, а понекогаш богами и по три до четири фамилии се иселуваа од селото. Куќите остануваа празни. По извесно време, бидејќи немаше деца и школото се затвори. Учителот се врати во своето родно место. А и бројот на оние што навраќаа во џамијата од ден на ден беше се помал. Имаше денови кога имамот на џамијата немаше со кого да клања. Селото ја изгуби радоста, сета своја убавина, стана пустелија.
    Селењето одеше како распетлување на котелците од чорап. А и немаше доселување во селото. Бидејќи беше планинско село, не беше многу примамливо и никој не сакаше да биде сопственик на имот во некогашниот чифлик на Зулфикар Бег. Немајќи кому да им го продаваат имотот селаните беа принудени да оставаат се што е недвижно, а добитокот попусто го продаваа на пазарните денови во градот. Многу им беше тешко да ги оставаат туку-така своите огништа. Меѓутоа, не можеа ништо друго да направат. Дури и оние






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+