Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Критика

Неподносливата леснотија на раскажувањето

(Richard Gaughran, Zoran Ančevski: Change of the System: Stories of Contemporary Macedonia, Skopje, "MAGOR", 2000)


/6
стр. 1
Лидија Капушевска-Дракулевска

„Како лесно се создаваат приказните“ А. Прокопиев, „Две жени“


    

Магор: „Промена на системот“

    Антологијата на современиот македонски кус расказ насловена како Промена на системот што неодамна се појави во реализација на издавачката куќа „Магор“ од Скопје, инаку дело на тимската работа на господата Ричард Гофран и Зоран Анчевски (обајцата се, патем речено, академски професори), е замислена како репер на македонската литература и култура во светот, бидејќи првенствено им е наменета на читателите од англиското јазично подрачје.
    Она што е новина во случајот со споменатата антологија, значи, тоа е нејзината објава не на нашиот мајчин, туку на еден светски ако не и најсветски јазик – англискиот. Тоа што е објавена во нашата средина на друг јазик, оди во прилог на значењето на самиот издавачки проект – укажува, имено, на благородната мисија на литературата да ги премостува границите меѓу народите и културите. „Ниедна литература не ги замрела ниту пак ги заменила другите, но во една циклична и реципрочна игра што опстојува со илјадници години, сите литератури заемно се преведувале и се запознавале себеси, како оние патници што немаат цел да освојуваат или владеат, да менуваат или индоктринираат, туку патуваат за да видат каков е светот и какви се другите луѓе“ – ќе истакне во една пригода современиот италијански компаративист Армандо Њиши. Неговите зборови се илустративни за улогата и функцијата на преводот како творештво, креација, поточно метакреација на книжевното дело во еден нов јазичен и книжевен контекст и во конкретниов случај, споменатите размисли, на мошне убав начин, упатуваат на интегрирањето на македонскиот расказ во европската (и светска) традиција на расказот како жанр.
    
Промена на ситемот не е прва антологија на македонскиот расказ на англиски јазик, но е прва антологија на расказот од осамостојувањето на Република Македонија. Во светот е вообичаено да се објавуваат антологии од ваков тип (со временска рамка од една деценија); кај нас е вистинска реткост, но токму оваа книга според грижливо презентираниот избор покажува и докажува дека раскажувачката практика кај нас бележи пораст и дека една мала литература каква што е нашата, може да се пофали со една богата продукција – што е, секако, за поздравување; истовремено, овој факт обврзува за милениумот што следува.
    Во реализацијата на самиот проект, покрај приредувачите и издавачот, учествува цела една стручна екипа: пред сè, тука се седумнаесетте раскажувачи поместени на страниците на антологијата и класифицирани според најелементарниот критериум – годините на старост: Славко Јаневски, Димитар Солев, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Митко Маџунков, Васе Манчев, Крсте Чачански, Драги Михајловски, Александар Прокопиев,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+