Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Есеи

Патоказот и патот

Од „Големата градба и други разговори со Непознатиот“, Блесок 2001


/10
стр. 1
Ферид Мухиќ

    Муаз беше растревожен.
    Веќе пет дена патува.
    Откако знае за себе, Муаз сака да патува; возбуден и радосен е пред да почне патувањето, а сосема концентриран, внесен во сето околу него, во текот на секое, па и најдолго патување. Ни како петгодишно детенце не го одлепуваше носето од прозорците на вагони, возови, бродови, ни тогаш кога доцната ноќ ќе ги совладаше сите. Гледаше надвор, макар и во непроѕирната темнина, напрегнато, да не би да пропушти нешто од новите светови што му се отвораа.
    Сега, еве го во ноќта од петтиот ден на најголемото и највозбудливо патување. Муаз не знаеше точно ни како, ни зошто го прифати патувањето, но знаеше сосема јасно дека поинаку не можел да стори. Мораше да го послуша импулсот што сега му остана единствениот патоказ во барањето на патот до целта.
    Од првиот ден, штом навлезе во непознатата земја, му беше нагласено: Следи ги патоказите, а патот ќе те однесе до целта!
    Во почетокот, патоказите беа сосема јасни. Многубројни. Кога подобро ќе размисли, сега му станува јасно дека биле толку добро организирани што и немал можност да згреши!
    Требаше само да вози по јасно обележан автопат. Сите ленти водеа кон далечен, непознат, но ист правец! Големи, зелени табли, со крупни бели букви, ги најавуваа градовите што чекаа тој и илјадници други возачи, да се решат кој излез да го одберат. Каде да запрат, да ја побараат среќата, да започнат или да довршат некоја работа. И додека пријатно, дискретно пиштеа гумите по чистиот, измазнет асфалт, без какви и да е нерамнини или дупки, додека јасното утро, во кое тргна на патот, му отвораше глетка со острина каква што дотогаш не беше видел, во далечини какви ни во сонот не му се јавија пред тоа, патемно, со аглите од очите забележуваше дека некои возачи мошне рано се престројувале кон рабовите од автопатот. Излегувале уште во првите километри, зад ознаките со имиња на местата. Самите градови, гратчиња, населби, што и да беа тие, никогаш не се гледаа, така што не можеше да создаде никаква претстава за нивната големина, изглед, макар што пејзажот во основа можеше да се следи: благи питоми ридови, обраснати во густа, здрава шума, прошарани со ливади. Фактот што беше рана пролет, им даваше особена возбудлива убавина – интензивни преливи на онаа лута зелена боја на мајските букови лисја, насмеаните преливи на топли сенки, како насликани на сфумато зелено венецијанско стакло. И потоа, и над сè: онаа распеана, широка раскош, раниот април!
    За Муаз, раната






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+