Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Галерија Осврти

Скок во празнина

Милански филмски фестивал, 2001


/2
стр. 1
МФФ

    Годината 2000 дефинитивно го означи Миланскиот филмски фестивал како трагач за таленти и промотер на младите филмски работници низ цела Европа.
    Преку пребарувањата за филмови низ целиот свет како и благодарение на растечкото учество на филмските работници, Фестивалот може да се смета како еден од најпретставителните фестивали кои ја нудат иновативната страна на младиот кинематографски свет.
    
Филмовите и авторите кои се презентираат секоја година, пристигнуваат на Фестивалот кршејќи бројни бариери: тие ги надминуваат географските и политичките граници на стотици земји и етнички групи, надминувајќи ги далечинските и јазичните разлики. Надминувајќи ја сиромаштијата на филмската продукција на својата земја или прекршувајќи ги филмските правила за жанрови, притоа тврдејќи дека сè уште недостасува продукцијата, тие превземаат ризични креативни акции користејќи иновативни формати, техники и јазици.
    Кинематографијата што ја нуди Миланскиот филмски фестивал е креирана од своите автори. Така, тие се во можност да го изразат своето мислење преку нивната работа, како политички индивидуи, свесни за светот во кој живеат и учествуваат и кој е склон на промени. Тие се луѓе кои можат да го користат кинематографското значење за да ги предизвикаат и срушат правилата барем малку, вадејќи го нашето од површноста: во содржина, стил и продукција.
    Во содржината тие бираат неконвенционални теми или раскажувачки конструкции.
    Во стилот, тие се дистанцираат од признатите филмски клишеа како на индустриската, така и на независната кинематографија, експериментирајќи со нови јазици и техники.
    Во продукцијата, тие не се задоволуваат со убаво спакувани филмови кои публиката лесно ќе ги прими и прифати. Наместо тоа, тие избираат нискобуџетни решенија за да се концентрираат на тоа што да кажат и зошто или подобро кажано, да се фокусираат на причините на правењето на филмот, отколку на значењето.

Промоција и дистрибуција: слободно уживање на филмот

    Постои една уметност, филмот, а постои и публика која треба слободно да ужива во тоа. Значаен дел од активностите на Фестивалот се организирани врз оваа основа. Во прилог на ова, ние секоја година се трудиме да ја зголемиме публиката која нашите одбрани филмски работници ќе можат да ја опфатат.
    Секоја година стотици интернационални гости и посетители, режисери, професионалци и студенти, се поканети да се придружат на Фестивалот и на неговите придружни настани. На тој начин публиката ќе ги запознае не само по нивните филмови, туку на личен и автентичен начин, на лице место со останатите режисери, да ги споделат своите уметнички мислења. Настани, интервјуа, неформални средби и паузи за кафе се организирани преку целата недела за да се поттикне размената на мислења.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+