Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 08 | година II | април-мај, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 08април-мај, 1999
Галерија Осврти

Сергеј М. Ејзенштајн: Монтажата како естетска категорија

/8
стр. 1
Софија Грандаковска

1. Кратка биографија:

    Сергеј Михајлович Ејзенштајн (1897-Риг, 1948-Москва), потекнува од семејство на татко архитект и мајка балерина. Уште од раното детство покажува особен интерес за наука и уметност. Најголемиот дел од времето го минува во библиотеката на неговиот татко, која е една од најбогатите приватни библиотеки во СССР со книжевна, антрополошка, лингвистичка, историско– уметничка, и друга литература. Откако го напушта Институтот за инженерство во Петроград,што беше желба на неговиот татко, се запишува на Државниот филмски институт. Своевремено учествува во организирањето на т.н. Агитпоезда, возови за агитација. Уметноста на агитката е развиена во делото на В.Мајаковски, Д.Бедни, Н.Асејев, а е насочена, во една иронична смисла за означување на дело што е лишено од уметничка длабочина. По Октомвриската револуција терминот е проширен на подрачјето на уметноста кога со слика-плакат, пишан збор и рецитали се агитува за идеите на болшевизмот со одредена кабаретска програма. Потоа Ејзенштајн почнува интензивно да се занимава со теорија на театар, па во таа смисла пишува есеи и студии од теоријата на филмот и театарот. Во 1935г. Започнува да го снима својот прв звучен филм Бјелински луг.
    Фундаменталната идентичност на неговиот живот, уметност и револуција, е најдлабоката суштина за појавата на овој голем уметник. Таа суштина ја чини синтезата што ја одредува насоката на неговите филозофски, идеолошки и естетски хоризонти на неговите теории од уметнички и антрополошки карактер, а во краен домен и на неговата уметност. Коегзистентноста на многуте активности со кои се занимавал Ејзенштајн битно влијаат врз неговата уметничка активност, а во основата на сето тоа стои актуелизација на една иста идеја преобразена во разни форми.
    Неговата особеност претставува предмет на интересирање на многу биографи и секој од нив дава поинакво видување за животот и делото на Ејзенштајн. Но, во суштина сите тие тежнеат кон едно романтичарско и идеалистичко видување на единствената личност на овој голем уметник кој живее за уметноста и за која што го жртвува и животот. Во тој контекст неизбежно е да се споменат имињата на неколку биографи како Мери Ситон, Доминик Фернандез, Џон Барна, Виктор Шкловски, Лео Мусинак и други. Но, сепак најрелевантни се кажувањата на Ејзенштајн за самиот себеси и за таинственоста во создавањето што ќе ги објави во своите Мемоари. Идејата својата биографија да ја пишува во форма типична за фрагмент кај него се раѓа во почетокот на четириесетите години. Првиот глобален проект на Мемоари паѓа во 1942 год. – време кога целата советска кинематографија е евакуирана на Алма-Ата.
    Мемоарите за своја основна одлика го имаат






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+