Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Театар Теорија

За животот во театар

/3
стр. 1
Дејвид Мемет

    Thorstein Veblen пишувал дека слово-сложувачите се оддавале на алкохолизам во 1880-те затоа што припаѓале на професија која била мобилна и нестабилна.
    Тие многу често менувале работни места, затоа што многу често за нив се јавувала потреба во различни делови од земјата; и тие можеле често да ги менуваат работните места, затоа што нивната вештина многу се барала, а нивната опрема била единствениот нивни талент.
    Тие немале инвестиции во машинерија или акции – како што се менувала потребата од вработување, така и тие се селеле.
    На новата локација, слово-сложувачите секогаш ги барале оние од нивниот вид. На крајот на работниот ден, тие се собирале заедно во пабовите или рестораните близу до нивната работа и така се социјализирале.
    Единствениот начин преку којшто тие можеле да ја покажат својата вредност бил социјалниот начин: преку гостољубието, преку широкоградноста, преку досетливоста, преку добрата природа.
    И така, тие пиеле и зборувале, и најдобриот човек бил оној кој можел да испие многу, да чести многу и интересно да зборува за неговото или за искористувањето на другите во нивното братство. Слово-сложувачот не поседувал материјални добра. Тој не можел да го покаже својот квалитет преку раскошот на својата кочија или својот дом.
    Тој немал историја освен онаа која ја смислил самиот тој, за себе, историја која тој ја поткрепувал со блеф или хумор.
    Лесно патувал и носел малку облека со себе, па така не можел другите да ги воодушевува со својата гардероба.
    Својата умешност тој единствено можел да ја докаже низ неговите социјални навики.
    Затоа и пиел многу.
    Умешноста во театарот е уметност да давање на нештата на други.
    Умешниот актер не настојува да поправи, да кодифицира, туку да создаде во моментот, слободно, без да направи пауза за да потврди дека тој или таа нешто направиле, или да го оцени остварувањето.
    (Заради ова театарските фотографии често пати се здрвени и неинтересни – актерот на нив не глуми – она за што тој или таа се школувал, или за што можеби е роден, туку позира – индицирајќи чувства – што е спротивно на глумењето).
    Животот во театар е живот минат во раздавање на разни работи.
    Тоа е мобилен, нестабилен живот, без сигурност за работа, без сигурност за прифаќање.
    Иднината на актерот е несигурна, не поради случајноста, туку поради неопходноста – намерно.
    
Нашите проблеми – како проблемите на било која професионална група – се уникатни.
    Нашите театарски досетки, неопходности и особености можеби се одбивни за другите, но се секогаш фасцинантни за нас самите.
    Прашањето за тоа кој кому што му направил, кој ги заборавил своите реплики, што му






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+