Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Театар Теорија

Несреќно семејство

/2
стр. 1
Дејвид Мемет

    Статусот во Американскиот Театар – способноста да се одземе одбраната на другите – автоматски се предава врз база на хиерархија – врз база на описот на работното место.
    Актерот е манипулиран и контролиран од режисерот, кој е подеднакво роб на продуцентите. Неоспорното прифаќање на овој „Голем Ланец На Постоење“ е базиран врз измислицата дека тоа е „добро за изведбата“. Но, секој што е разумен гледа дека ова се случува исклучително ретко и секое свесно прифаќање на оваа хиерархија („Добро е за изведбата и подобро да замолчам, или ќе си ја изгубам работата!“) е во спрега со огромен бес.
    Оние кои се на дното на ланецот изгледа дека имаат само две опции: може да прифатат идеализирана верзија на тие над нив; („Не знам – не го одобрувам она што го прават, но – врз база на нивното резиме и положба – само можам да претпоставам дека тие се во право, а јас не сум“); или, пак, тие може само да се бунат, да чадат, да озборуваат и да коваат планови – исто како оние кои ја имаат контролата да се нивни родители – што е и суштината што овој однос ја рекапитулира… односот помеѓу детето и родителот.
    Овој однос родител-дете го инфантилизира актерот, со што тој е принуден да задоволи наместо да креира, да се буни наместо да истражува, да изведува наместо да изразува.
    Како и во врската помеѓу родителот и детето, така и во театарот, мотивот за контрола е секогаш изјава за „Доброто на Детето“. „Јас, како продуцент, режисер, морам да ги игнорирам вашите прашања за вредноста на скицата / режијата / пиесата. Мојот збор е закон, за ваше добро е да му се покорувате без многу размислување, и доколку почнете да се сомневате и да ме испрашувате, пустошот што ќе го направите ќе го уништи сето добро што јас се обидувам да го направам за вас и вашите колеги“.
    Во семејството, како и во театарот, потребата за контрола му користи само на оној кој контролира. Слепата покорност го штеди него од тешката задача на испитување на неговите предрасуди, неговата лична мудрост и конечно, неговата лична вредност.
    
Желбата да се манипулира, да се третираат колегите како слуги, открива чувство на длабока лична безвредност: како нечии мисли, избор и увид да не смеат да поднесат никаква проверка, а камо ли разумно, взаемно преиспитување.
    Членовите на здравиот театар/семејство се однесуваат едни кон други со почит и љубов; и тие кои знаат подобро, прават подобро, знаејќи дека оние кои






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+