Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Театар Осврти

Диво месо / Кандид

/2
стр. 1
Емилија Евтимова

    Во еден новинарски контекст, доколку се прибегне кон една од најкомплицираните методологии во анализирањето на одредени поими, процеси, структури, каква што е компаративната, секогаш е потребно прецизно да се исцрта патеката, што би била референца. А кога се работи за уметност, особено за театар, во чија основа лежат повеќе уметнички дисциплини, тогаш е уште покомплицирано и поодговорно.
    Како и да е, текстов што следи ќе се обиде сосем непретенциозно да создаде, ако ништо друго, барем заеднички пристап во гледањето на два, повеќе или помалку различни универзуми: претставите што предизивикаа големо внимание во јавноста, во последно време – „Кандид во земјата на чудата“ и „Диво месо“ двете во продукција на Драмски театар.
    Навидум, се работи за два комплетно различни проекти, со комплетно различни пристапи, преку кои се дошло до крајните продукти. Прво и основно, се работи за драмски предлошки, едниот со датум од пред дваесетина години – „Диво месо“ на Горан Стефановски, а другиот – нов, современ – „Кандид во земјата на чудата“ на Венко Андоновски.
    Уште сега може да се постави иницијалната точка од каде би тргнала, таа „условна“ заедничка линија. „Диво месо“ на Горан Стефановски, временски сместена пред почетокот на Втората светска војна, во Скопје, а како што вели и Стефановски, неверојатно е како поентата на овој драмски текст функционира токму сега, во овој миг, во времето на инсталирањето на „новиот светски поредок“, на крајот на 20-тиот век. Контекстот е актуелен. Време – сегашно. Ако некогаш на „Европа ѝ се прдеше за нас“, денес за Балканецот проблемите се уште пострашни. Тогаш Европа можеби знаеше кои сме. И сега „Старата изветвена дама“ тоа можеби го знае. Тогаш идејата беше да ѝ се докаже на таа студена, бесчувствителна, површна, „капиталистичка“, идеолошки несоодветна Европа, дека и ние сме важни, и дека сме ѝ достојни. Сега, првата работа е да се убедиме и себе во тоа, а претходно да си одговориме на прашањето, токму кои сме. А, дури потоа, да ја убедиме во она, во кое допрва ние самите треба да веруваме.
    На сето ова, многу убаво се надоврзува основната идеја на текстот на Венко Андоновски, кој па самиот по себе реферира на Волтеровиот „Кандид“. „Кандид во земјата на чудата“ оди понатаму и одговара на поставеното прашање. Токму за „неслободната“, поточно за нашата ропската супстанца говори Андоновски. Овој текст на јасен, остар, суров, ироничен начин предупредува на тоа храброста да не се меша со чувството на слобода. А всушност, каде доаѓа до мешање на потребата од






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+