Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Театар Текст

Диво месо

/8
стр. 1
Горан Стефановски

_______________________________________________________________________

* * *

ЛИЦА:
    ДИМИТРИЈА АНДРЕЕВИЌ, 55, инвалид, бивш ѕидар
    МАРИЈА, жена му, 50
    АНДРЕЈА, 22, нивни син, продавач во бакалница
    СТЕФАН, 26, негов брат, референт во претставништво за автомобили
    СИМОН, 30, најстар син во фамилијата, келнер
    ВЕРА, 25, негова жена, домаќинка
    ХЕРЦОГ, 55, раководител на прeтставништво за автомобили, Евреин
    САРА, 23, негова ќерка
    ХЕРМАН КЛАУС, 45, дојденецот од Германија
    БАЈАЧКАТА
    СИВИЌ, 35, советник во претставништвото
    АЦО, 23, пријател на Андреја, возач на камион
    ПРОСТИТУТКАТА
    ПОПОТ
    ГОСТИ НА ПРИЕМОТ, АРГАТИ, ГОСТИ ВО
    МЕАНА


    Се случува во Скопје, непосредно пред II светска војна.

Сцена 1

(Главната соба во куќата на Андреевиќ која е поврзана со три други соби и кујна. Димитрија седи во инвалидска количка. Чита весник. Марија седи на кревет. Гледа пред себе. Тишина. Пауза.)

ДИМИТРИЈА: Ќе има војна. (Пауза.) Ќе има војна.(Пауза.)
    МАРИЈА: Доста беше и ваков мир. (Пауза.)
    ДИМИТРИЈА: Што правиш ти? Пак ѕвериш во празно. Работи нешто.
    МАРИЈА: Што да работам?
    ДИМИТРИЈА: Вари вечера. Доаѓаат луѓе.
    МАРИЈА: Сè е сварено.
    ДИМИТРИЈА: Вари ручек.
    МАРИЈА: Готов е.
    ДИМИТРИЈА: Ако е готов дај да јадам.
    МАРИЈА: Немој да ми викаш. (Пауза.) Слава е утре. (Пауза. Влегува Вера. Носи празно корито.)
    ВЕРА: Ќе врне. Џабе спростирав чаршафи.
    МАРИЈА: Сè е џабе. (Пауза.) Сонував дека сум пресечена на две. И кај што е 'рбетот – голем црв. И тој пресечен и се превиткува. И доаѓа некој и го вади црвот. И боли, боли, како заб да ти вади.
    ВЕРА: Секогаш сонуваш такви соништа.
    МАРИЈА: Сами доаѓаат.
    ДИМИТРИЈА: Ќе се јаде ли во оваа куќа?
    ВЕРА: Не се дојдени.
    ДИМИТРИЈА: Не мораат ни да дојдат.
    ВЕРА: Да почекаме уште малку.
    ДИМИТРИЈА: Чекајте вие уште многу ако сакате. Јас сакам да јадам.
    ВЕРА: Ме изеде, срчка да те изеде. (Поставува за јадење.) Што попрво да сторам? Дали да изметам, дали да исперам, дали да зготвам?
    ДИМИТРИЈА: Научи ја свекрва ти.
    ВЕРА: Остави ја ти неа намира.
    ДИМИТРИЈА: Роди си ќерка па нека ти помага. (Вера подголтнува. Димитрија јаде. Тишина. Пауза. Влегува Симон. Пијан.)
    СИМОН: Веќе ни за јадење не чекате.
    ДИМИТРИЈА: Кога сме чекале не си доаѓал.
    СИМОН: Ништо не смее да се каже во оваа куќа. Ќе земам две канти бензин ќе вивне сè до небо.
    МАРИЈА: Немој да кобиш.
    СИМОН: Немам јас што да кобам. Прокобено е тоа одамна.
    ВЕРА: Кај пиеше?
    СИМОН: Кај стигнав, право да ти кажам.
    ВЕРА: Се одра.
    СИМОН: Нешто ќе ме одере и онака порано или подоцна. Што можеш денес не оставај за утре. Лесно ти е тебе.
    ВЕРА: Лесно ми е мене. Мене ми е најлесно.
    СИМОН: Страв ти е тебе од темно? Не! Мене ми е страв. Од сонце страв ти е? Не! Мене ми е страв. Ме гуши овде, ете овде,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+