Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Звук Осврти

Кирил: Религија и(ли) секс?

/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Со последното албумско остварување “Religion & Sex“, инаку прво за етикетата „Трето уво“ и саундтракот за филмот на Милчо Манчевски „Прашина“, Кирил Џајковски го затвори кругот чие исцртување своевремено (средината на осумдесеттите) започна со првата македонска електро-поп постава БАСТИОН. Конечно, неговата музика, тој неверојатно возбудлив спој на современи електро „лупови“ со емотивната возвишеност на македонското фоклорно наследство, е бележит сегмент на вкупната денешна глобална звучна понуда.


    

Кирил

    „Не живееме во вакуум. Не сме глупави. Размислуваме! Нашата музика тргнува од ритамот, но не завршува таму, ја има и во срцето и во главата. Таа има своја единствена универзална порака“ – ќе каже меѓу другото во едно интервју Кирил Џајковски, во предвечерието на обелоденувањето на единствениот албум („Бастион“ 1984 година) на својата прва позначајна постава БАСТИОН (сепак, дотогашното делување во ПОСТ СКРИПТУМ и БЕРЗА беше убава дружба на другари од средношколските клупи и ништо повеќе од тоа). И, кога кон ова ќе се дополни дека во споменатиот бенд, инаку веројатно и првиот што го задуши примитивизмот и конзерватизмот на матичнава средина од средината на осумдесеттите, покрај споменатиот членуваа и басистот Љубиша Стоисавлевиќ – Кучкар и актерката и пејачката Ана Костовска. Меѓутоа, не мала улога во делувањето на БАСТИОН имаше Милчо Манчевски. Тогаш младиот режисер, што образованието во професијата го стекна од онаа страна на Атлантикот, за албумот ги стокми сите текстови, сними два видео клипа (“Hot day's in Mexico“ и „Бои“) што дежурните бранители на поредокот од националната ТВ куќа ги забранија по брза постапка (?!) и заради тоа, разбирливо, беше третиран како „четврти член“ во групата. Од друга страна, БАСТИОН ја подготвија музиката за филмот „Мусака“ на Манчевски, остварување кое, погодувате, заради којзнае какви причини на некои овдешни „авторитети“ (наводно немало пари и сл.) остана на нивото на сценарио околу кое се крена голем прав и кое беспотребно остана во „бункер“ до денешни дни. Инаку, без пожелуваната (неопходно потребна) медиумска поддршка и покрај поволните оценки на критиката во тогаш заедничката држава, бендот набрзо ја заврши авантурата. „Највисоката, неосвоивата кула од крепоста“ остана да биде сведоштво за поинаквите (не само звуковни) размисли на една генерација чија немирливост и бунтовништво не можеа да бидат пеплосани од оние кои им минало времето и чии погледи не досегаа зад плотот. Секое време со својата неуништива глупост.
    Крајот на бележаната одисеја, за Кирил Џајковски, претпоставуваше и почеток на едно поинакво животно искуство. Во периодот 1987-89 година тој застана зад клавијатурите на легендарната македонска рок група ЛЕБ И СОЛ, оставајќи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+