Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Звук Осврти

Џиван Гаспаријан, небесниот Ерменец

/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

    „Јас пред секој настап испивам по чашка, две, три… водка колку да се загреам и потоа ѝ се препуштам на фантазијата. Оставам да ме води срцето!“ – ќе му рече на потписников на текстот, низ својата широка насмевка, маестро Џиван Гаспаријан. И, потоа видно расположен заради атмосферата на неговиот втор концерт во Македонија, нималку нема да се штеди во задоволувањето на новинарската љубопитност. Впрочем, големото интервју на Гаспаријан ви го нудиме во следниот напис, а на ова место ги распостиламе фактографијата и емоциите. Нека биде желбата на живата легенда на ерменската музика: „Интервјуата се убави, сум имал безброј досега, никогаш не бегам од нив. Но, битно ми е ти како го доживеа концертот, те однесе ли музиката некаде далеку, ја фати ли раката што ти ја подадов…“
    Скопје, 9 април 2001 година. Дождот никако да престане. Пролет е. Со сите нишани. Трошка среќа за жедната земја и можност да се измијат гревовите човечки. Денот историски, ако за такво нешто има место во оваа посрана реалност. Универзална сала врие како кошница. Обичните, оние на кои одамна им се преседнати вестите, аферите, балканското лудило, кои сонуваат за кратко бегство од нашиов дел од пеколот, се тука и во исчекување. Дојдени се да го чујат Гаспаријан, да ги разнежи неговиот небесен дудук, да ја почувствуваат „неподносливата леснотија на музиката“, да почувствуваат и да дарат љубов – едноставна, човечка. Искрено и длабоко се посакува флуидот од минатогодишната летна ноќ во Куршумли ан. На лицата нема сомнеж. Оставен е за втурнувањето во ноќта и секојдневието што на сите ни следува.
    Концертот почнува вообичаено: со задоцнување. „Скопска шема“. Конечно, овде мнозина никако да научат што е, и кога е почетокот на било кој културен настан. А, толку е едноставно. Пишува на влезните билети. Облечени во своите богато украсени традиционални наметки, набрзо на сцената излегуваат Големиот мајстор и неговите придружници Армен Саргасијан и Левон Аршакуни. И, магијата почнува. Првите отсвирени тонови од дудукот ја почнуваат и сторијата. Пред очите ви избива сликата на едно момченце од Солаг, град во непосредна близина на Ереван (главниот град на Ерменија), кое будно следено од строгиот поглед се обидува да ја повтори мелодијата на татковиот инструмент. И, веднаш потоа го забележувате како трчка по околината и собира отпадоци, а во ушите ви одекнуваат зборовите: „Првиот дудук го купив од собраните празни шишиња!“. Потем, ќе ве затекне сликата кога русата коса на момченцето ќе ја забележите крај свирачите во локалното кино, кои со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+