Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Звук Осврти

Интервју со Џиван Гаспаријан

„Од лош човек не бидува добар музичар“


/5
стр. 1
Љупчо Јолевски

Светски познатиот уметник и ненадминатиот свирач на дудук Џиван Гаспаријан за БЛЕСОК говори за приемот кај македонската публика, за патешествијата, за музичарите со кои соработувал, за желбите и плановите…

БЛЕСОК: Џиван Гаспаријан на два пати ја отвори својата душа пред македонската публика. Одржа два по многу нешта слични, но и различни концерти. На првиот во Куршумли-ан се стопија амбиентот и емоцијата, а на вториот беа понудени чистотата на музиката и разбрануваната душа на големиот уметник. Како Вие ги доживеавте овие настапи?

ГАСПАРИЈАН: Се согласувам дека се работи за две убави случувања од кои јас лично сум многу повеќе задоволен од синоќешниот настап. Едноставно сметам дека ги снема бариерите меѓу публиката и мене како изведувач, си ги подадовме душите, се споивме. Згора овој втор концерт беше по многу нешта поорганизиран и технички подотеран од претходниот.

БЛЕСОК: Ако до летоска за македонската публика бевте култна личност, сега излегува дека сте еден вид голема поп икона што знае да го разбуди вниманието на поширок слој публика.

ГАСПАРИЈАН: Правилно. Јас мислам дека ако народот не го знае уметникот тогаш и нему му е тешко да воспостави контакт со публиката. Сега можам да сметам дека во Македонија сум она што сум и во мојата родна Ерменија. Впрочем, ако присутните не ја знаеја мојата музика немаше со толку многу воодушевување да ја прифатат. Неизмерно сум радосен што публиката ме прими како да сум овдешен, како да сум Македонец.

БЛЕСОК: Значи, можеме да кажеме дека Гаспаријан, и не заради присуството на квартетот на Драган Даутовски на неговиот концерт, успеа да го стори премостувањето, да ги спои ерменската и македонската музика, душите на обата народа.

ГАСПАРИЈАН: Тоа беше навистина интересно. Ова не беше само моја идеја. Тоа беше заложба на Горан Таневски, организаторот на обата мои концерти. Тој застана зад таа идеја, а на присутните тоа многу им се допадна. Инаку ова не е моја прва средба со Даутовски. Со него муабетевме на еден фестивал во Израел, но сега за прв пат свириме заедно. Не се сомневам дека на обајцата ни беше убаво, дека заедно ја споделивме радоста од заедничкиот настап. Притоа не би ја исклучил можноста во иднина повторно да се најдеме некаде, па дури и да снимиме нешто заедно. Јас постојано работам со различни музичари и при тоа не инсистирам некој од нив да биде светски познат. Напротив. Сум свирел со навистина големи светски имиња, или можеби тие сакаа да свират со мене. Питер Гебриел, Мајкл Брук и останатите со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+