Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Звук Осврти

Кој што ме чуе да пеам!

(Васка Илиева, 1927-2001)


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

    И, ден-денес ја помнам заушката од татко ми. Една од ретките во мојот живот. Не оти беше за нешто важно… или, барем, така долги години ми се чинеше. Потстанарската собичка, таа пролетна приквечерина, беше претесна за песните на легендата и легендарните. „Сестра кани брата на вечера!“ – потпевнуваа заедно со Васка и Радио Скопје „старците“, а од мојот „Трубадур“ (марка грамофон), Џегер и Ричардс ја валкаа по земја “Satisfaction“. Пубертетлијата во мене ја силуваше до бескрај прекрасната убавина на уште еден обичен неповторлив ден од животот. И, логично од мојата најдрага сингл плоча останаа ситни парчиња, грамофонот беше во „аут“ баеги… а за да се гребам за ситнеж од моите ми требаше цела една вечност.
    И, признавам, години потоа го „заполтував“ радиото кога ќе ја пуштеа Васка и кога гласот од приемникот ќе говореше за нејзините настапи во Австралија, Америка… за воодушевувањето на нашите таму, за топлиот прием, за солзите радосници… Признавам, залудни беа напорите на оној што најмногу му верував дека кодот на нашата македонска музика го носиме во вените, дека ансамблот „Танец“, Пеце Атанасовски,Тале Огненовски, Александар Сариевски, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарова… се ненадминати уметници што ги цени и почитува Светот…
    Дури, години од кога татко ми си „замина“ дозволив да ме допре вистината. Не оти ја баталив мојата „урбана“ музика, ами „просветлувањето“ ми дојде некако обично, само од себе. Со гордост што не може да се заузда, започнав да го сложувам мозаикот од изданија. Ги складирав и ги чував како реликвии. Потем, нималку не си се чудев на себе што во моментите на топлина само за спуштените очила на мајка ми оставав од CD-плеерот да потечат: „Земјо македонска“, „Променила ми се Пандора девојка“, „Кирајџиче јабанџиче“, „Кога падна на Пирина“, „Таму далеку вода ми дотече“… и заедно со неа и со тетка Васка, да си ги запеам до болка силните „Сестра кани брата на вечера“, „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Судбо, моја судбино“ и „Кој што ме чуе да пеам“.
    И, згора да ја раскажам сторијата дека пејачката ѝ е речиси врсничка, родена е 1927 година во Скопје. И, потоа дека татко ѝ Тодор Бошков бил еден од првите гајдаџии во „Танец“, тетка ѝ Бонда Димишкова позната песнопојка, дека тие во 1950 ја зеле во Ансамблот… И уште за тоа оти подоцна станала солист на Радио Скопје, за ненадминатата убавина на нејзините дуети со Бадев и Сариевски. Лесно изговарав: Васка е една и единствена. Неповторлива. Знаев дека сè






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+