Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Поезија

Проѕирност

Превод од англиски: Зоран Анчевски


/4
стр. 1
Шарон Хас

Проѕирност
Нежните момци
Сеќавање

_______________________________________________________________________

Проѕирност

         на Марио Луци

Стариот поет се качува на сцена
а грбот на леопардот се напрега во мракот.
Јас, како слушател, не знам
дали да ловам или да бидам изедена
очиве заковани за стариот
стариот човек околу кого времето црта круг
што дури ни жолтата муза со прапорци
на зглобовите не може да мине туку само
испружува прст за да го тргне тешкиот балдахин
и да му се покрие половина лице. Одзади, смртта (мислам)
приоѓа невидливо носејќи сноп злато на грбот
за да го нахрани стариот стариот поет
со студен и сјаен леб

Леопардот ги збира шепите. Канџите му грепкаат
по моево лице побелено од страв. Ѕверот скока
и исфрла разгорена Ѕвезда што ми се препелка в скут
смртта и поетот се смеат а големиот Ѕвер
ме пушта, ме остава на мира.

Седам скакулено во темнина меѓу животните
што се нашле во вода и на ливада уште пред
да им бидат дадени имињата.

Стариот стариот поет, смртта и леопардот
го земаат огнот и исчезнуваат во ноќта.
како ли ќе останеме живи? Зад страста – страв
зад очајот – љубов
за еден бел и потресен миг бев бебуле
на елементите. Најпрвин заплакав.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+