Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Проза

Куциот историчар

/7
стр. 1
Мурат Исаку

    Во својата приземна куќичка, недалеку од тополите распоредени во два реда, со патрици под мишка, пристигна некаде приквечер, кога во градот се палеа првите светилки. Влезе во собата, со вперен поглед спроти вратата, што ја ползуваше и како кујна, и како спална. Веднаш ја доближи ноќната ламба во облик на круша, изгнасена од мувите, чија светлина за миг му го осветли целиот лик. Не му се покажаа веднаш двете веѓи, но доста беше да се воочи едната за да му се открие целата жолчка. Шеширот (лете и зиме го носеше последните десет години) го фрли немарно на каучот, додека очилата со дебели рамки, откако ги исчисти со парче тенок мешин обложен со мов, повторно си ги стави на очи. Со задоцнување седна во ќошето покриено со прав од каучот, кадешто седнуваше постојано – место помеѓу ноќната ламба со отворена портокалова боја и отворената фиока. Преоптоварен од безброј главоболки, кои постојано му нанесуваа грижа, потоа му го сврте грбот на пенџерето со инает. Воздивна гласно низ нос како да го искорнуваше гневот од градите, потоа со својата полуиспразнета рака извади од фиоката куп хартија: документи, ракописи и други дебели хартии, избледени од рацете на сонцето. Ги истури по килимот како што беше истурена светлината од ноќната ламба. Ни самиот не беше свесен кој ѓавол го натера да ги истури толку безмилосно токму хартиите над коишто имаше поминато добар дел од својот живот. По се изгледа, тоа го направи кога му згасна цигарата во усните. Можеби токму сега заедно му проработеа и срцето, и мозокот.
    Одеднаш, неговите искривени прсти ги стави над истурените хартии со изрецкзни агли. Ги претури и ги испреврте како да го месеше тестото од својата памет, потоа моливчето го втисна во една од тие хартии со искривени бочни страни, чиј грб поодамна беше извалкан со кафе. Веднаш се присети дека кафето го истурил токму на оваа маса, кога неговата сопруга го собираше вешот по куќата за да се иссели неповратно кај своите родители. И покрај тоа, што со неа имаше поминато пет години во брак, никогаш не ја почувствува среќата. Се караа за ништо, молчеа за ништо, се закануваа за ништо. Во текот на караниците се забораваа зошто истураат толкав гнев кој превривал помеќу нив заедно со нивниот инает што им растеше како копитата од магарињата, зошто, зошто… На овој неприфатлив начин нивниот живот продолжи сè до онаа кобно попладне, кога професорот во сообраќајна незгода ја изгуби левата нога.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+