Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Проза

Близначки

/2
стр. 1
Гоце Смилевски

     На Хулио Кортасар

    Мрак. Хеорхина:
    Лежиме спокојно во оваа соба, илјадници километри од Буенос Аирес, лежиме повлечени во сопствените тела, лежиме една до друга, облекувајќи се една со друга во допири. Лежиме исти, потполно исти: сестри близначки. Во главата често ми поминува еден спомен од раното детство. Јас и Алехандра стоиме пред огледалото, и гледаме не вдвоеност, туку вчетвореност, безброј комбинации на отсликувањето: јас се претопувам во Алехандра која е до мене, јас се претопувам во Алехандра која е во огледалото, јас се претопувам во мојот одраз во огледалото. Гледајќи го нејзиниот лик на мазната површина, тогаш за првпат (а немавме повеќе од пет години) почувствував потреба за потполна блискост со неа (или тоа беше можеби потреба за потполна блискост со самата себе?).
    Мајка нè оставаше да се капеме во лименото корито, и јас го повикував секое неделно утро што побргу да дојде за да се лизнат моите прсти по нејзината кожа и нејзините по мојата.
    Навечер, во мрачната соба во која се мешаа грчењето на баба, повремените прднувања на нашиот очув и бладачките молитви во сон на нашата мајка, моите усни ги бараа нејзините усни, нејзините прсти се плеткаа околу моето меѓуножје, барајќи го дамарот кој чукаше како срце под нејзиниот допир.
    Лежиме неспокојни во оваа соба, илјадници километри од Буенос Аирес, додека нејзиниот јазик прави кругови околу мојата десна брадавица како показалката на часовникот, лежиме носејќи го во себе сеќавањето на мракот на онаа соба илјадници километри одовде, додека јазикот на мојата сестра се спушта се подолу и подолу, мракот на онаа ноќ во која ја видовме смртта на нашата мајка, јазикот на мојата сестра го допира мојот папок, го лиже, додека ни тежи сеќавањето на таа ноќ кога нашиот очув нè врза за креветите и за прв и последен пат ни покажа што се може да прави машкото тело со женско тело, ни го покажа тоа на само неколку чекори од мртвото тело на нашата мајка, ја удираше мојата сестра, а и мене ме болеа ударите, неа ја силуваше, а јас ја губев невиноста заедно со неа, и мракот на таа соба и сè што се случуваше таа ноќ во тој мрак се враќа во мене додека јазикот на мојата сестра близначка се спушта кон моето меѓуножје, го лиже мојот клиторис, а јас ја допирам нејзината коса и молчам, ако може молк да се нарече слаткото стенкање.

    Вода. Алехандра:
    Ниту овие брегови се Ла Плата, ниту Сена е Атлантскиот Океан, но сепак е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+