Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Есеи

Ткаењето на отсутното

(Алесандро Барико, Свила)


/2
стр. 1
Ана Димишковска - Трајаноска

Свилата
    На крајот на светот, на островот обвиен во сопствената самотија, илјадници години наназад, се одгледува најскапоцената ткаенина: јапонската свила. Со истата мистична прецизност на ритуалите и тајните неопходни за нејзиното создавање, таа ја истенчува, до исчезнување, природната врска помеѓу видот и допирот: свилениот превез, сонот на окото – самите бои, ослободени, раздиплени во просторот – го снемува во часот кога дланката ќе посака да го допре, да го зароби во својата непробојна телесност. Како да милува воздух. И кога одново ќе се отвори кафезот на стегнатите прсти, бескрајните нишки на ткаенината се расплетуваат како да се живи, одново запостојуваат, како кожурецот во кој се зачнале да не успеал да го згасне сеќавањето на нивната воздушеста природа, крилестото потекло.

Ерве Жонкур живееше од свилата, од купување и продавање свилени буби, ризикувајќи се себеси на долгите патувања до Јапонија, крајот на светот.

Ерве Жонкур живееше за свилата, материјалниот супстрат на непостојното, сјајниот, меланхоличен знак за недопирливоста на она што го придвижува целиот живот, блескавата отсутност на разлозите.

Умираше од копнеж по нешто што никогаш нема да го доживее.

Безимената
    Неговата приказна трепери во воздухот како вел исткаен од најфината нишка јапонска свила: далечното – молчаливо, скапоцено и тајно, како лицето  на девојката чии очи немаат ориентален облик, суштеството од друг свет  сосем вкоренето во непроѕирниот ритуален живот на далечниот Исток, милосницата на господарот Хара Кеј. Безимена, безгласна, бесшумна, сочинета само од гестови со неискажливо, а совршено недвосмислено значење, таа се престорува во недофатливо средиште на животот на Ерве Жонкур, од првиот поглед со кој го пронижува додека лежи во скутот на својот господар, како ретко и драгоцено  животно. Превезот што се вее на ветрот, како неумолив патоказ, макар и да води преку согорените предели, отаде крајот на светот.
    
    Елена

    Неговата жена, она блиското, вткаеното во хоризонтот со благата незабележливост на сводовите кои го крепат светот; свилениот превез стиснат помеѓу дланките, во тивкото исчезнување на тајната супстанција која живее од просторот на желбата. Неуловливата природа на свилата: како да се сочува велот на љубовта обвиткан околу саканите суштества, премногу проѕирен за да го можат да го видат, премногу слеан со нивните тела за да можат да ја почувствуваат страста на неговиот допир?  

Кафезот
    Простор во просторот, отворена празнина со невидливи ѕидови, поцврсти од камените: тешко се одолева на искушението за враќање помеѓу нив. Кафезот – безумниот залог на љубовта – со кој господарите на Ориентот ја наградуваат верноста на своите милосници, подарувајќи им, наместо накит, преубави птици затворени меѓу решетките. Мудроста на Истокот: дар кој






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+