Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Есеи

Те сакам, слатко суштество

/9
стр. 1
Динко Делиќ

   Пишува на влезот на деветкатницата во улицата Шабан Захировиќ бр. 1 во Тузла. Величествен графит нашаран со китнести букви на сивиот ѕид во спреј-техника. Тој графит не е величествен поради дизајнот, туку поради содржината – запис за љубовта. Делува како сликовница за деца во среќната земја на чудата. Да не си поверуваш на сопствените очи. На земјата каде што средновековните записи по надгробните плочи се достоинствени записи за смртта. Каде што доминантните религии скромноста ја истакнуваат како врвна доблест. Каде што после векови заедничко живеење драгоцените културни разлики ги прогласуваат за непремостлив јаз. Во земјата каде што киднапираат девојчиња од 14 години. Каде што ги минираат куќите и автомобилите, каде што ги убиваат новинарите и повратниците, па и министрите. Каде што се јаде затруена храна и се пијат апчиња со рок на траење од вториот милениум… Април 2001 на Балканот (кој тврдоглаво ѝ се опира на глобализацијата) навистина не е месец кога невработените и конститутивни БиХ граѓани треба кај таа порака да поминат без да се свртат. Имено, април е прочуениот месец на љубовниците кои (најчесто) си црцорат под расцутените овошки. Во БиХ земјата на чудата. И на пријателството меѓу половите. Меѓу секси-нациите. Значи, драги граѓани-минувачи, копнеејќи за правната држава и европските интеграции, ако се свртиме и под инкриминираниот графит не ги најдеме мирисните плодови на љубовта, има ли надеж барем за ординарна толеранција помеѓу суштествата кои за себе гордо тврдат дека се луѓе?
       Затоа што: пријателството помеѓу мажите и жените е возможно, би рекле цврсто уверени борците за унапредување на човековите права. Мажите и жените заедно го поминуваат брачниот живот, дури и кога првобитната љубов ќе „истине“. Се грижат еден за друг во меденото доба и во секојдневното зло. Раѓаат расплакани деца и ги одгледуваат. Спијат во ист кревет дишејќи (ненешминкни и неизбричени) нос до нос. Заедно ја заслужуваат пензијата и болките во коските, па зошто не и пријателството? Ордодоксните феминистки но и фанатичните мачо-типови би навеле мноштво примери кои ѝ противречат на преслободоумната идеја за машко-женското пријателство. На пример, за „дефицитарните квалитети“ на женскиот род, или за суфицитот на примитивизмот, „машкиот“. Тој (дали?) еротски анимозитет зачнат уште во првобитната заедница, еве, во XXI век еманира како „хипер-модерен“ сексуален шовинизам втемелен во агресивното настојување „рибата да се зезне“ и машките „да се изгребат за секс“, а исто така и во женското сплеткарење каде што наивниот ерген треба да се „улови“ како златна рипка во аквариумот на бракот. Ерго,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+