Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Критика

Територијални апории: имагинарните и реалните аспекти на локацијата

(на Балканот)


/6
стр. 1
Катерина Колозова

Вовед

    Во овој краток есеј се обидувам да ја истражам улогата што локацијата – просторната и географската ситуираност, како реалната така и/или материјалната[1] ја игра во механизмите и во динамиката на субјективизацијата. Тука се осврнувам на еден комплексен/компликуван историско-политички културен/национален Субјект, а поконкретно на балканскиот Субјект (или/и источно европскиот) во однос на европскиот Субјект.[2]
    Оваа дебата, во однос на нејзината теоретска основа, првенствено е изведена од дискурзивната традиција на Фуко/Батлер (теории на моќта и перформативните сили на дискурсот како Моќ). Првенствено, иако не и пуристички. Имено, можеби има des demarches de discours, кои можат да се чинат како несогласни и/или дури контардикторни на теоретската традиција од која првенствено ги изведувам, како што изјавив. Тука поконкретно зборувам за позицијата на „Име не реалното/Реално“ во дискурсот на овој напис. Меѓутоа, претпочитам да не се ограничувам со обврската на верност и лојалност кон некоја дискурзивна/теоретска традиција или школа, и оваа моја желба е иманентно поврзана со самите размислувања што овде сакам да ги изнесам.
    Имено, во контекстот на оваа дебата, клучната позиција му се дава на концептот на реалното/Реално. Второво, до одреден степен, иако не исклучително или целосно е поставено со/како теоретската конструкција на Лакан/Жижек. Реалното/Реално што се употребува во овој текст исто така е оформено – можеби дури и чудно, ако се земе во предвид неговиот истовремен лаканизам – со неговата концептуализација и теоретизација од страна на Франсоа Лорел (François Laruelle). Имено, Лорел реалното го восприема како нешто што не е во спротиставена релација со „фикцијата“ (имагинарното, симбиличното… илузијата?), или подобро кажано, е во не-релација со него, бидејќи Лорел се залага за „мисла за не-сооднос“.
    Во едно иронично движење на (наизглед) контрадикција, само на кратко ќе ја применам штотуку отфрлената логика на спротиставеноста (и спротиставената релација меѓу реалното и фикцијата) со поделба на мојата дискусија на два дела: на „реална“ локација (што делува како имагинарна); и на „имагинарна“ локација (што делува како реална).
    Реалното е, свесен сум, повеќе или помалку укината категирија во/од страна на пост-структуралистичкиот или пост-модерниот теоретски момент. А од влијателните современи теоретизирања на социо-културните и психо-лингвистичките феномени, по пат на доделување на позицијата на незамисливото Реално на реалното, се чини дека отсуствува самата спротиставеност. Меѓутоа, верувам дека оваа опозиција секогаш веќе е претпоставена од страна на овие дискурси и можеби е од базично (фундаментално) или суштинско значење за нив. На други места подетално зборувам за оваа работа, а овде ќе дадам само кратко резиме или кондензирана аргументација пред да преминам на прашањето за двата

_____________________________________

1. Со целата нејасност и на двата термини/категории земена во предвид. По оригиналната деконструкција на Џудит Батлер (Judith Butler) на сфаќањето за материјалното и телесното во нејзината книга од 1993 Тела што значат, стана прилично тешко „безбедно“ да се оперира со недеконструираното сфаќање за материјалноста како чиста категорија на мистериозното, безговорно Материјлано како спротиставено на Знакот, Идејата… Батлер покажа дека телото, па така и „материјалното“ (и самото сфаќање за „материјалното“) е секогаш веќе „населено“ со фантазматичното. Со други зборови, ние веќе го зачнуваме материјалното… на одделни, различни начини.
2. А јас би сакал да ве потсетам на фактот дека и за двете теми (Теми) има започнато сериозна политичко-теоретска дискусија; види Julija Kristeva, The Crisis of the European Subject… и Dusan Bjelic and Obrad Savic (eds), 2001. The Balkans as Metaphor. MIT Press (сè уште необјавена).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+