Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 08 | година II | април-мај, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 08април-мај, 1999
Звук Осврти

Интервју со Бернард Алисон

/1
стр. 1
Васја Ивановски

– Дали татко ти, музичар, беше оној што те вовлече во блузот и на колку години?
    Да. Имав 10 години.

– Кои беа твоите први блуз влијанија?
    Алберт (Кинг), Фреди Кинг.

– Твојот престој во Европа вроди со албуми инспирирани од рокот и внесе многу европски музичари во твојот бенд. Дали тоа беше природно или беше само фаза во твојата кариера?
    Беше полесно да се работи со европски музичари.

– Сега, во САД, се чини дека им се враќаш на корените?
    Не сум променет

– Дали имаш снимено многу снимки со татко ти?
    Пет или шест.

– Твојот глас е сличен на гласот на Лутер (Алисон). Дали се обидуваш да го емулираш или тоа е природно?
    Природно е.

– Дали имаш браќа и сестри и дали и тие ќе се обидат да остварат музичка кариера?
    Имам пет сестри и три браќа. Сите пејат, но не професионално.

– Претпоставувам дека ги имаш наследено гитарите на Лутер. Дали планираш со нив да снимаш / да одиш на турнеја?
    На турнеја сум со A. Fen.

– Која е твојата основна опрема во моментов?
    Стивенс предзасилувач (меса буги). /  Stevens Preamp. (Mesa Boogie).

– Кои се твоите омилени блуз музичари, плочи?
    Лаки Питерсон. / Lucky Peterson.

– Каква е, според тебе, иднината на блузот? Како ќе се развива?
    Да се ползуваат корените и да се измешаат со другите влијанија.

– Дали би сакал да свириш во Македонија?
    Секако, би свирел каде било.

– Која е твојата порака за вљубениците во блузот ширум светот?
    Дајте ѝ  шанса на музиката (чујте ја). Идните генерации на музичари – сите имаат поинаков пристап.

Интервјуто е пополнето во една од соблекувалните при турнејата на Бернард Алисон во јануари '99.

звучен запис






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+