Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Звук Осврти

Дени Фримен - сива еминенција на Тексас блузот

/4
стр. 1
Васја Ивановски

Denny Freeman

Добрите познавачи на блузот секако знаат дека, една од суштинските идиомски и содржински поставки на жанрот го сочинува и она што го препознаваме како „Тексас блузот“. Од архаичниот израз на Блајнд Лемон Џеферсон, Ледбели, преку иноваторот Ти Боун Вокер и современите легенди како Фреди Кинг, Алберт Колинс и Стиви Реј Вон, како и безброј други  познати и непознати имиња, тексашката сцена претставува синоним за возбудливата историја  на блузот, спој на чувствата и емоции кои преку музиката најдоа пат до срцата на слушателите. Во тој специфичен универзум се среќаваат најразлични профили музичари чија улога е мошне значајна, но кои од разни причини не се експонирани и секогаш во прв план на медиската покриеност. Еден од тие „херои“ од позадина, секако е и Дени Фримен, име кое со почит се изговара помеѓу музичарите и добрите познавачи на блузот, не само во Тексас. Во ексклузивно интервју за „Блесок“ Дени Фримен открива некои непознати детали за себе и за блузот во Тексас, во целина.

Обично, гитаристите ги прашуваат кога започнале да свират гитара?
       -Кога почнав, имав само 14 години. Тоа беше во Далас.

Дали твојот интерес за музиката имаше подлога во некаква семејна традиција или тоа беше сосема индивидуален афинитет?
       -Не, не беше во прашање семејна традиција. Во 1955, кога имав 11 години, а тоа беше времето кога рокенролот и ритам и блузот го започнаа пробивот преку радио брановите, почнав да посетувам некои журки каде што се пуштаа плочи и каде можевме да запознаваме девојчиња и да играме со нив. Токму во тие моменти  кога влегов во адолесцентната возраст, на сцената се појави Литл Ричард и редица други кои буквално не соборија од нозете и не извадија од паметот! Со другар ми бевме чести посетители на такви тинејџерски игранки, каде што за првпат имавме можност да слушаме жива свирка. Кога го слушнав звукот на гитарата, едноставно се изгубив и во моментот одлучив да научам да ја свирам!

Denny Freeman

Дали гитарата беше твој прв инструмент или можеби си се обидел и со некои други?
      – Кога имав околу 8 години, кусо време добивав часови по пијано, тоа се случуваше пред појавата на рокенролот, но и фактот што дома немавме пијано придонесе што љубовта со овој инструмент не беше подолга.

Кои беа твоите најрани влијанија во музиката?
      – Добра работа околу тоа што бев во Далас тогаш, беше и можноста да се запознам со блузот. Тоа беше мошне мал чекор подалеку од рокенролот, така што лесно се „адаптирав“. Во таа смисла, покрај Чак Бери






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+