Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Звук Осврти

Диксифрог рекордс

/3
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Општо-познат е фактот дека иднината на блузот зависи, пред сè, од работата на помали, независни дискографски куќи чија посветеност кон идиомот е круцијална движечка форма за егзистенцијалното опстојување на споменатиот музички израз. Овие фирми најчесто се водени од љубителите на блузот кои тоа можат да си го дозволат, или, пак, музичари чија визија се огледува во секојдневната борба за опстанокот на блузот и неговото доближување до што е можно поголемиот аудиториум на музичките конзументи. Могумина, според денешните стандарди, големи имиња на блузот, својот успех го должат токму на работата на овие мали фирми кои им дале шанса што секако не би ја имале кај големите дискографски концерни. Една од такви истакнати „независни“ куќи со донкихотовска провениенција секако е и француската „Диксифрог Рекордс“. Во последниве години оваа фирма стана синоним меѓу љубителите на блузот, рокенролот и други музички содржини, предсе поради одличен материјал, без оглед дали се работи за сопствен продукт или лиценцирани изданија. Кога љубител на музиката ќе набави било што од „Диксифрог Рекордс“, тој знае што може да очекува: квалитетно име, одлична изведба и силна продукција. Имав можност да слушнам многу изданија на „независните“ Французи и никогаш не сум слушнал лош производ во секоја смисла. Тоа секако зборува за квалитетот што во сета таа работа го вложуваат Филип Ланглоа и неговите колеги, задолжени за продукцијата и репертоарот на „Диксифрог Рекордс“. Бројни изданија на оваа фирма можат да се слушнат редовно на втората програма на македонското радио како и во емисијата „Моџо Блуз“ на Канал 103.
    Во продолжение следат информации за најновата продукција на „Диксифрог Рекордс“ која заслужува внимание:

Томи Кастро Бенд – Крив за љубов (ДФЦД 8524)

Tommy Castro

„Блузот е во добри раце. Томи има глас, звук и вистински намери да допре до срцето на секого“. Ова за Томи Кастро го кажа Карлос Сантана, а он секако може да знае кој е добар, нели? „Крив за љубов“ е, според мене, досега најдобар албум на Кастро кој би требало одлично да помине кај љубителите на блузот. Тој претставува извонреден микс на различни стилови како ритам и блузот, потоа фанки „свомп“ рокот, Мемфис соулот, потсетувајќи на моменти на госпел соулот на Ал Грин,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+