Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Звук Осврти

Два чекора напред - еден во место

Летен џез фестивал Куманово 2001


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

  

Честа на Манифестацијата овој пат ја одбранија домашните изведувачи, пред сè Синтезис кои се во фаза на одработување на нивната светска турнеја.

Синтезис

   Годинешново, трето по ред, издание на Летниот џез фестивал Куманово се обистини неодамна (30 август – 1 септември) во едно од двете кризни подрачја во државава. Без откажувања од учесниците и во атмосфера што приличи на секое нормално културно случување од планетава Земја. Со публика што ја поима современата музика, џагор и проветрување на импресиите во кафулињата каде животот не замира со стартот на полицискиот час, со промоција на документираните материјали од обете претходни случувања што на пожелуваната традиционалност на Манифестацијата ѝ ја даваат потребната патина, со ритам што незапирливо пулсира во жилите и мускулите, убавина и насмевки наспроти грдотијата што со себе ја носи времево – невреме (Овде во ненормално време, сепак, се живее „нормално“ или отрпнавме на сè што е реалност од нашиве обични и неповторливи животи?!). И, сето тоа како своевиден протест на мислечките луѓе против состојбата, во која упорно и постојано се заговара војната и разнебитувањето на државава – Република Македонија. Конечно и вака, дури и поубедливо, се брани идентитетот, самобитноста и државотворноста на ова парче од дивиот Балкан. Токму овде и сега, со отворено срце и без збркани мисли од татнежот на воените труби. Единствено.
       Наспроти ваквата позиционираност на Манифестацијата, што претпоставува, сепак, „специфични“ дури и од нас самите именувани „воени услови“ во кои требаше да се случи настанот, а за кои можат, но не мораат да имаат разбирање оние што добија покана за учество на Летниот џез фестивал Куманово 2001, уочливо е дека програмски таа не го издржа наметнатото темпо од претходните години. И, безмалку разбирливо. Едноставно, нејзината чест годинава ја „спасија“ домашните учесници, што од своја страна ја акцентира силината и виталноста на современава македонска музика. Во случајов се мисли на високо естетизираниот и емотивно набиен настап на групата СИНТЕЗИС, во моментов нашата најзначајна и највозбудлива понуда за она што е озаглавено како актуелна Светска музика (и овој пат, на уште една постојка од светската турнеја што е во тек, споменативе со леснотија потврдија зашто со нагласено внимание биваат проследувани нивните перформанси на извиканите и значајните фестивали како белгискиот „Свинкс“, на пример). Покрај овој настап, на ваквата констатација ѝ кумува и сугестивната пројавност на македонската народна певица Вања Лазарова која сцената во концепт што му приличи на нејзиниот возвишен глас (глас што и тоа како се бори со бремето на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+