Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Театар Осврти

Гротовски: Распалувајќи го огнот

/2
стр. 1
Ричард Гафилд-Најт

Во 1959, во провинцискиот град Ополе во Полска, на 50.000 милји од Аушвиц, Јержи Гротовски (од сега па натаму Гротовски) беше именуван за директор на Teatr 13 Rz” dów, Театарот на 13 редови. Минувајќи го конвенционалниот пат на обучување и искуство, тој извлече од тоа краен бенефит и предност да биде именуван на оваа позиција. Така, на 26 годишна возраст, Гротовски ќе почне да ги форсира, и социјалистичкиот принцип на потполно државно финансирање, како и утописката визија за театарот формулиран од Станиславски и другите како 'спиритуален натурализам'.

   Во Полска во 1959, кога Гротовски ја основаше, заедно со Флашен, неговата мала експериментална театарска трупа во Ополе, постоеја други сили кои делуваа на балансот на дисциплините во театарот: влијанијата на авангардата од Запад и реакциите на Полјаците на нив; важноста на текстуалните и техничките аспекти на сценската продукција; и, постоењето на или не-дисциплиниран или пре-интелектуален пристап кон актерството. Резултатот од ова беше редуцирањето на актерот во статус на кукла, или на, како што критичарот Јан Клозович се изрази во неговиот напис од 1971: „извршител на волјата на семоќниот режисер“. Во овој контекст Гротовски предлагаше една артистичка програма во опозиција на мејнстримот. Уште од неговата претходна работа може да се заклучи дека  негова најсилна карактеристика беше токму таа на контрадикција и спротивставување на постоечката пракса – полемички став за кој, дваесетина години подоцна, Гротовски тврдеше дека бил свесен принцип кој се провлекувал низ целото негово дело. „Сакам да ве потсетам дека работата на нашата институција континуирано следеше еден пат спротивен на – и на некој начин во конфликт со – тековните трендови во културата. Таква е нашата професија.“
       (…)
       Флашен го опишува процесот на via negativa, или елиминаторниот процес на кој Гротовски му ја потчини својата уметност, со акцент на врската помеѓу театарот и текстот:
       За да создадеме театар ние треба да одиме подалеку од литературата; театарот започнува онаму каде што престанува зборот. Фактот дека театарскиот јазик не може да биде јазикот на зборовите, туку само свој сопствен јазик, створен од своја сопствена супстанција – претставува радикален чекор за театарот, но Арто ова веќе го констатираше во своите соништа… Истата линија на мислата којашто гледа можност за театарот денес преку една состојба на изолација, ни кажува не само да одиме подалеку од дискурзивниот збор, туку исто така да го отфрлиме сè она што не е строго есенцијално за театарскиот феномен… Вистинската субјект-материја на театарот, неговиот сопствен резултат кој не припаѓа на ниедна друга форма






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+