Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Театар Теорија

Театарот/танцот и новите медиски и информациски технологии

/7
стр. 1
Скот де Лахунта

Новите наспроти старите медиуми

   Навистина е важно да се препознае точката до која ‘новите медиуми’ не се ‘нови’, туку се продолжување на еден процес кој сè уште трае, на културна медијатизација. Разгледувањето на денешните технолошки достигнувања наназад низ релативно скорешните ‘најславни’ периоди на конзумерските направи какви што се вокменот и видеото, телевизискиот управувач, кабловската и сателитската телевизија, полароидните апарати и сл., може да помогне да се обезбеди перспектива со која би можело да се пружи отпор на заводливоста на пазарот на ‘новите медиуми’. Секоја од овие технологии даде придонес за промена кон поиндивидуално контролирани и прилагодени медиски средини… Тоа е нешто од што ‘новите медиуми’ денес многу среќно профитираат, сметајќи се дури и заслужни за тоа. Ако се вратиме уште наназад, феноменот на ‘телеприсуството’ и ‘инстантната далечинска комуникација’ беше иницирана од првата телеграфска трансмисија во 1845, нешто што бргу се заборава додека реагираме на возбудата која се создава околу електронската пошта. Ова се само некои примери за начините на кои минатото може да се поврзе со сегашноста – и да ја комплицира оваа тенденција кон разделувањето на ‘старото’ од ‘новото’.
       Сепак, ова не е кажано за да предложи дека треба да се намали значењето на ‘новите медиуми’ во збирот од историските траектории, чии почетоци, средини и краеви се на некој начин препознатливи на тој начин што брзината на промената може да биде разбрана, а иднината предвидена. Во спротивност, радикалните нови форми на културата и општеството се пројавуваат под името на ‘новите медиуми’. Ова делумно е управувано од технологијата: брзината со која дигиталните компјутерски и комуникацски технологии се развиваат и стануваат сеприсутни е фасцинантна. Во технолошките термини, ‘старо’ најчесто укажува на аналогните, а ’ново’ на дигиталните технологии. Постои јасна разлика помеѓу двете која јас нема да ја образложувам во овој есеј. Доволно е да се каже: Нашите апарати нè обликуват нас, како што ние ги обликуваме нив. Интернет не е едноставно побрз, поедноставен и флексибилен начин на пренесување на информација – ‘подобар’  телефон. Тој исто така допринесува за една трансформација на начинот на кој ние го разбираме, замислуваме и делуваме взаемно со светот. Многу истражувања покажуваат дека компјутерското обработување на текстот ги измени начините на кои читаме и пишуваме. Влијанието на достигнувањата во дигиталните апарати се рефлектира во зголеменото отпуштање на прашањата како „Што е знаењето во ‘времето на информациите?“ и „Што се националните граници во ‘мрежното глобално општество’?“, и навистина овие концепти се дефинираат на нов начин.
       Овие знаци индицираат дека






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+