Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 08 | година II | април-мај, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 08април-мај, 1999
Звук Осврти

Македонска композиторска школа - да или не?

/7
стр. 1
Гоце Коларовски

    Во последната декада на дваесетитот век се навршуваат повеќе исклучително значајни годишнини во македонското професионално композиторско творештво: 100 години од печатењето на Литургијата по Јован Златоуст, капиталното дело на привот македонски композитор А. Бадев, 60 години од создавањето на бисерите на нашата хорска музика – првите три „Кумановки“ на Т. Прокопиев, 50 години од создавањето на гордото „Македонско оро“ за мешан хор од Т. Скаловски и пионерското симфониско Скерцо на Т. Карапанчиев, 40 години од првата македонска опера „Гоце“ и првата симфониска поема „Танчарка“ на К. Македонски, исто толку години од првите балети „Македонска повест“ на Г. Смокварски и „Лабин и Дојрана“ на Т. Прокопиев и од првата македонска инструментална концертантна творба за пијано и оркестар на Т. Прошев, 30 години од остросоцијалната, експресионистичката „По патиштата“ и монументалниот македонски музички еп „Сердарот“ на В. Николовски на стихови од Г. Прличев, и уште редица други помали и поголеми јубилеи. Во изминатиот период од создавањето на основоположничките дела во речиси сите жанрови па се до нашава современост, композитори од неколку генерации создадоа оригинално, жанровски и стилски разнородно, обемно творештво кое делумно веќе го положи, а делумно успешно го полага строгиот испит на времето пред домашното и светските музички општества. Настапува моментот, создадени се истите предуслови за аналитичко-теориско повлекување на цртата на етапното сумирање и оценка на едновековниот професионален македонски композиторски опус, сумирање што треба да даде одговори на повеќе суштински прашања:
    – постојат ли елементи на заедништво во творештвата на македонските композитори од сите генерации?
    – можно ли е групирање на индивидуалните опуси според еден или друг признак?
    – колкав е степенот на заедништво во употребата на композициските изразни средства, од една страна, и степенот на посебност, издвоеност, од друга?
    – каков е соодносот на традиционалното и новаторското во различните етапи на созревање на авторите?
    – каков е односот на домашниот музички творец кон различните пластови на созревање на авторите?
    – имаме ли композиторски школи?
    – може ли да зборуваме за постоење на македонска композиторска школа?

    Имајќи го предвид ставот на рускиот музиколог Михаил Михајлов чии капитални дела се имено од областа на музичкиот стил, и кој смета дека „секој уметник формиран во атмосферата на својата национална култура во конкретни историски услови од кои е условено неговото творештво, задолжително треба да се забележи во својата уметност (и соодветно на тоа во својот индивидуален стил) некои признаци на својата национална припадност“[1], одговорот на последното прашање е безусловно ДА. „Творештвото на кој било крупен уметник (композитор), доколку е органски поврзано со животот,

_____________________________________

1. Михаилов М. Стил в музике. Ленинград 1981. С. 226






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+