Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Проза

In Medias Res

/6
стр. 1
Теута Арифи

    Си беше еднаш еден град во чиишто дуќани, кога некој ќе посакаше некому да му се јави, а тоа да не биде писмо со милозвучни зборови, никако не можеше да се најдат разгледници. Можеби токму поради тоа, туристите со фотоапарати околу вратот започнаа сè поретко да го посетуваат овој град. Откако ќе потрошеа метри и метри филм, тие првин ќе застанеа крај портата на џамијата кајшто се наоѓаше дуќанот на сега веќе покојниот чичко Ариф и ќе купеа разгледници. Потоа, на неколку странски јазици ќе напишеа изрази од типот „ јас сум добро“, „мислам на тебе“, „задутре се враќам“ или „искрени поздрави од Т.“. Всушност, и да најдеше човек разгледници, не сум сигурна дека ќе најдеше токму од оние со поглед врз стариот градски амам, чиишто тркалести прозорци и камени ѕидови се вгнездени во моето детско сеќавање како главен дел од градот. Ни самата не знам колку пати сум ги распрашувала постарите кои ме држеле за рака минувајќи покрај амамот што претсавува тоа чудно, неразбирливо, камено здание со ќошиња затворени со голем катанец. Одговорот беше краток и прост: „Амам“. Со тоа, колку да ми кажат дека не треба да чепкам понатаму, завршуваа сите објаснувања. Така ми ставаа до знаење дека за такви нешта не се зборува пред деца и дека има работи за коишто се молчи пред нив. Потпрена кај пармаците на мостот под којшто течеше спокојно реката, многу пати сум мислела дека токму таа ги знаеше тајните на стариот амам. Водите треба да ги знаат сите тајни на еден град. Постарите раскажуваа дека некогаш, водата на реката преку некои мали поточиња што ги нарекуваа бразди, течеше низ сите дворови на градските куќи. Минувајќи така, водата требаше да ги собере со себе сите истории на куќите, бидејќи нема куќа без историја за љубов, љубомора, пакост или мудрост. Имаше приказни и тогаш кога се затвораа портите и пенџерињата со катанци, за да не излезат во чаршија како муабети. Но тие истории не можеа да ги скријат од поточињата кои ги грабеа од куќните прагови за да ги истурат во реката која течеше покрај стариот амам.

    Убавата Аска често минуваше покрај амамот за да ја посети тетка си, која живееше од другата страна на реката, во куќа на првиот сокак карши џамијата. Во касабата за неа велеа – блазеси му на оној среќник што ќе ја земе. Овие муабети што нејзината мајка ги слушаше од комшиката седејќи крај браздата во дворот пиејќи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+