Блесок бр. 23, октомври-ноември, 2001
Проза |
Затвореник
/4 стр. 1 |
Мило мое, ѝ велев, лута рана телото ми го глода. Ја поткревав кошулата за да ја види црната дамка на градите што незадржливо се ширеше низ целото тело. Место раце да подаде и со милување раната да ми ја лечи, таа со плунка од ластовичка ми го заросуваше и горделиво тврдеше дека нејзините касаи во рана се претвораат и сиот ќе ме истрошат, ќе ме уништожат. Мило мое, ја убедував подавајќи раце кон неа, немој насекаде зандани да градиш и во нив да се затвораш. Дозволи ми на убавината да ѝ се придружам, ширум да ги погледнам овие бескрајни простори. Око не ѝ трепнуваше, а нит милоста за рода ја сметаше: сакаше да ме гледа приклештен во канџите на копнежот. Од сè најмногу милуваше да ѝ се умилкувам, в дланка душата да ѝ ја дадам за потоа повторно под клуч да ме стави и уплакан зорите да ги дочекам. Заминуваше којзнае каде, со денови ниту глас ѝ слушав, ниту сенката ѝ ја гледав. Се враќаше ненајавено, како лихвар кој што знае дека благото на сигурно го вложил и добивката заслужено ќе ја земе. И така бидуваше; копнеев што поскоро да се врати, до болка ѝ се радував на нејзината силуета кога во далечината се појавуваше како сонцето кое не знаеш кога поголема красота го краси – кога изгрева или кога заоѓа. „Дојдов!“ – велеше горделиво. Ја отклучуваше вратата на ќелијата во која затворен ме чуваше и ми се препушташе до наситка да ја гушкам. Додека со убавината се сладев и вечно останував гладен, таа ми ги поткаснуваше градите, цели парчиња месо лапаше во устата и победоносно се смееше. Крикнував, но не од бол туку од сласт преголема. „Те боли, нели!“ – ме прашуваше а јас ништо не ѝ одговарав. Не сакав сласта со празнината на зборовите да ја нарушам.
Мило мое, ѝ велев, зошто во зандани ме чуваш, зошто за гордост ропството ми го наметнуваш. Дозволи ми барем раните да ги лечам, мелем да си барам за телото да не ми скапе, а душата да не ми се дроби во ситни трошки над врелиот пустински песок. Мочеше. Јали не ме слушаше, јали од занес при себе не беше. Сал понекогаш ме погледнуваше замислено, ги одмеруваше моите рани на градите и во мигот кога очекував милоста од неа да прозрачи ги ококоруваше очите, изговараше едно продорно „НЕ“ и, легната над мене со бакнежи ме давеше. „Најголемата казна самиот си ја изрече во
![]() |
Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.
Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 74 75 76 77-79 80-81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101-102 103-104 105 106 107 108-109 110 111 112 113 114-115 116 117 118