Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Проза

Смртта на градинарот

/4
стр. 1
Живко Чинго

    Старата Грулица јаваше на магаре рано изутрина кон градините, потсмевајќи се за нешто по целиот пат. Беше август, најубавиот месец во годината. Тоа е времето кога во Пасквелијата зреат смоквите. Навистина нема поубав месец од август, мислеше старата. Но таа имаше и своја причина така да мисли.
    – Груле, рече старата Грулица, како убав ден човеку!
    – Тоа е август, момичко, рече стариот Грул намигнувајќи со своето крупно, светло око.
    Тоа е август, повтори старата Грулица и исто така намигна.
    – Времето кога зреат смоквите, дополни Грул. Потоа го зеде магарчето за оглав и појде низ сувата бразда кон градините.
    Одеа полека по браздата што водеше до нивната градина, чудејќи се зошто војниците ги натопориле пушките кон нивните мали смокви. Во еден миг Грулица дури се исплаши да не пукаат. Таа налутено им довикна: – Еј, да не сте пијани…
    Кога стигнаа пред оградата ги запре старшијата. Војниците им го затворија патот.
    – Старшија, што ви е утринава, прашаше стариот Грул.
    Старшијата не одговараше, а оние другите сè уште не ги спуштаа пушките како навистина да сакаат да ги убијат малите, светли очи на смоквите.
    – Будали се овие кучиња, рече старата Грулица.
    – Навистина што станало војници, рече стариот Грул збунето.
    Војниците не се ни помрднаа како да беа скаменети.
    – Мајчина ви, опцу старата Грулица. Мајчина ви немтурска.
    Таа ја подаде главата под мишката на својот маж и со весел глас рече:
    – Август е најубавиот месец во годината, старшијо… Тоа е времето кога зреат смоквите… Сакаш ли ти смоква, момче?
    Старшијата лутливо ступоти како да сакаше да ја убие земјата под себе.
    – Прашувам, рече Грулица мирно, правејќи се како да не разбрале најдобро, – прашувам дали сакате смоква…
    – Престани, рече старшијата, вештице ниедна!
    Таа ѓаволски под око го гледаше и му се потсмевнуваше. Ах, како знаеше да се преправа старата Грулица. Таа сè така благо насмевната праша:
    – Навистина ли не сакаш смоква?
    – Не, рече војникот пцуејќи ја старата Грулица.
    – Чудно, рече Грулица и се закикоте. Одвај можеше да рече:
    – Слушаш ли Груле.. Маж да не сака смоква…
    Сигурно тоа војниците и не го очекуваа. Заштрека и со заби и со пушки. Најпосле старшијата со пригушлив глас процеди:
    – Ова е последен пат, вештице.
    – Таа само се шегуваше, рече стариот Грул. Нели се шегуваше?
    – Сигурно Груле, рече старата. Јас се шегувам со сите мажи што не сакаат смокви. Тоа е многу чудно, пустињата…
    Пред да може да заврши другите војници ја симнаа од магарчето и ја поведоа во караулата, наспроти нивната градина.
    Стариот Грул збунето се стрча по






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+