Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Критика

Политиката и поетиката на Елен Сиксо

/8
стр. 1
Снежана Жабиќ

Она што ја прави реалноста фасцинантна е замислената катастрофа што се крие зад неа.
    – Рејмонд Федерман, Критификација

Ако добро си ја завршиме работата, реалноста ќе ни се чини дури и понестабилна, покомплексна и понесредена отколку сега. Во таа смисла, можеби Фројд бил во право кога изјавил дека жените се непријатели на цивилизацијата.
    – Џејн Флакс, Постмодернизам и родови односи

L’écriture féminine – Крај на патријархатот?

    Сфаќањето за пишувањето како ослободување е основата на концептот на Елен Сиксо за l’écriture féminine. Целиот концепт има политички импликации, ако не и повеќе. Самата Сиксо[1] е жигосана како радикална феминистка, како и другите француски писателки на нејзината ера (од седумдесеттите наваму), Моник Витиг (Monique Wittig), Лус Иригари (Luce Irigaray), Кетрин Клемент (Catherine Clément), Јулија Кристева (Julia Kristeva). Иако тие се сите силни индивидуалци што не секогаш ја споделуваат истата политика, поетика и теории, една работа што им е заедничка е дека сите јасно ја искажуваат потребата да му се стави крај на патријархатот еднаш и засекогаш. Не да се реформира, „да се ублажи“ или „да се намали“, или пак, да се замени со матријархат, ако матријархат значи патријархат во обратна насока, негова спротивност, во која улогите се заменуваат и ништо повеќе. Нивната идеја беше да се замисли и да се создаде (барем во пишувањето) свет со сосема различен вид економија, човечки односи, јазик. Нивниот животен проект е да се пронајде – како? Овде ќе ги интерпретирам делата на Сиксо со ова прашање на ум – како може да му ставиме крај на патријархатот?
    Во делата на Сиксо со наоѓаме зборот фалоцентризам[2], а не патријархат. Фалоцентризам е многу поширок концепт што вклучува дискурси каков што е филозофијата. Критиката на фалоцентризмот не изостава ништо, велејќи дека ништо, дури ни филозофијата, не е „над“ општествените и историските услови во кои живееме, туку дека сè е или резултат или предуслов на овие услови. Светот на идеи се чини дека е и резултат и предуслов. Во “Sorties” како и во „Насмевката на Медузата“ (The Laugh of the Medusa), Сиксо го гледа системот на фалоцентризмот како „машина која ја одбива својата Вистина“, машина која функционира на овој начин: „Филозофското се констурира себеси започнувајќи со деградација на жената. Субординацијата на женскиот на машкиот род кој се чини дека е услов за функционирање на машината.“ (Sorties, 289) Сметам дека следното гледиште е исто така многу важно:
    „Фалоцентризмот е. Историјата никогаш не произвела, не забележала ништо освен тоа. Што не значи дека оваа форма е неизбежна или природна. Фалоцентризмот

_____________________________________

1. Hélène Cixous.
2. Сиксо често се осврнува на Лакан и Фројд, па оттаму и симболичниот „фалус“. Освен ова, критичарите (види: Торил Мој) забележуваат дека Сиксо многу му должи на Дерида, имено на неговата анализа на бинарното размислување карактеристично за логоценризмот (термин на Дерида), а и на неговиот концепт на differànce. Сиксо често измислува неологизми, а фалоцентризмот е еден од нив. Друг е глаголот што се преведува на англиски како „да се хиерархизира“, па и јас го користам во мојов текст.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+