Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Галерија Осврти

„2001“

или: Како еден филм се проследува со чекан


/4
стр. 1
Доналд Мекгрегор

   Почеток на Одисеја 2001: Вселенската Одисеја го прикажува изгревањето на Сонцето над заоблената Земја; во исто време тече воведот во музичката поема на Рихард Штраус, Also Sprach Zarathustra (Така зборуваше Заратустра). Оваа музика е замислена да го претстави умниот човек, Заратустра, како слегува од планината за да им го проповеда сопственото евангелие на луѓето. Само што сега Стенли Кјубрик доаѓа за да го проповеда своето евангелие.
       Книгата на Фридрих Ниче, Also Sprach Zarathustra, од којашто Штраусовата симфонија е инспирирана, ја претставува идејата за победата на übermensch, или Надчовекот, над Човекот. Оваа тема се сретнува и во Кјубриковите филмови: Dr. Strangelove (1963), Пеколниот Портокал (1971), а особено во Одисеја 2001: Вселенска одисеја (1968), која е тема на овој есеј.
       Ничеовата идеја најверојатно води потекло од Дарвиновата теорија за природната селекција. Ниче го гледал животот како „битка за опстанок во која најсилните опстануваат, силата е единствената доблест, а слабоста единствен недостаток.“[1]  Според Ниче, еволуцијата на човекот ќе се одвива низ три стадиуми: примитивен човек (мајмун), модерен човек, и конечно, надчовек. За ова Ниче напишал „Што му е мајмунот на човека? Предмет на потсмев или болна непријатност. Така и човекот ќе му биде на надчовекот: предмет на потсмев или болна непријатност.“[2] Човекот е само мост меѓу мајмунот и надчовекот, но, за да стане надчовек, за тоа да се случи, човекот мора да ја искористи својата волја, „(волја) да се самосоздаде или нагон да се дојде до крајот, до нешто повисоко и подалечно.“[3]
       Ничеовата идеја е содржана во неговото верување дека духот на човекот е роден од два бога: Дионис и Аполон. Дионис е „богот на виното и веселбата, на возвишениот живот, на радоста во акција, на естетската емоција и инспирација, на инстинктот и авантурата и бестрашното страдање, бог на песната и музиката, на танцот и драмата.“[4] Наспроти него е Аполон, „богот на мирот, смиреноста и одморот, на естетската емоција, на интелектуалната контемплација, на логичкиот ред и философскиот спокој, бог на сликарството и скулптурата, на епската поезија“.[5]
       Според оваа идеја, примитивниот човек е дионизиски по дух: воден од инстинктот тој живее во моментот, но нема интелектуални способности. Модерниот човек, бидејќи аполониски по дух, е мирен и спокоен, обземен од демократијата, социјализмот, и од религиите како што се христијанството и будизмот. Сите симптоми на инстинктот во човекот се уништени – минливиот човек е патетично суштество во очите на Ниче. Надчовекот ќе се врати назад кон дионизискиот стадиум. „Враќање кон природата, иако тоа не вистинско враќање

_____________________________________

1. Will Durant, The Story of Philosophy, New York: Simon and Schuster, Inc., 1961, стр. 301.
2. Walter Kaufmann, The Portable Nietzsche, New York: The Viking Press, Inc., 1982, стр. 124.
3. Walter Kaufmann, стр. 227.
4. Will Durant, стр. 305.
5. Will Durant, стр. 305.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+