Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 08 | година II | април-мај, 1999



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 08април-мај, 1999
Звук Осврти

зурла

/2
стр. 1
Македонски народни инструменти

Од терминот zurna (перс.-тур.-араб.)

Сродни инструменти:
    Германскиот shalmai, Персискиот zurna, Арапскиот zamr, Хиндустанските surnai и nagasvara, Кинескиот so-na, Италијанското piffero.

Генерално:
    Зурлата е аерофон инструмент со двојна писка од типот на обоата.
    Основни делови на инструментот: цевка со левкаста форма со осум отвори за свирење (седум отвори од предната и една од задната страна на цевката) и седум звучни отвори („гласници“), „славец“ (писка), и „медник“.
    Цевката е најчесто изработена од ореово дрво, а славецот од шимшир.
    Должина на зурлата: Мала – до 35 цм, Голема – до 60 цм. Големите и малите цевки на зурлите имаат иста форма, а се разликуваат во бројот на гласниците (малата зурла има два отвора и по два од двете бочни страин, додека големата има три гласника од предната и по четири од двете бочни страин). Зурлите според големината исто така се поделени во категории на машки и женски зурли (големите зурли се наречени „машки“ поради длабокиот т.н.“покаба“ звук, а помалите „женски“ заради јасниот „поџира“ глас.
    Делот наречен „славец“ е посебна, кратка цевка која се става на горниот крај од главната цевка на зурлата. Долниот дел на славецот е изрежан на две места едно до друго, каде е сместен медникот. Писката минува низ медникот.

Регионална застапеност:
    Малите зурли („дзура зурли“) се свират најмногу во околината на Гостивар и Куманово. Поголемите зурли познати и како „каба зурли“ се обично застапени во традицијата на Тетово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола и Кратово. Надвор од Македонија, зурлите се сретнуваат и во Косово и Босна.

Теории за потеклото:
    Постојат главно две теории за потеклото на зурлата. Според првата, зурлите биле пренесени на Балканот од Персија со посредство на Ромите. Втората теорија ја застапува тезата дека зурлите се донесени во Македонија од страна на Турците во периодот на владеењето на Отоманската Империја на овие простори.
    Како и да е, потеклото на Македонската зурла е сврзано со Средниот Исток..

Тонски Низи:
    Нетемперирана скала со амбитус од нона;

Свирење на Инструментот:
    Инструментот се држи исправено (хоризонтално) додека усните на свирачот ја допираат кружната плочка на медникот, а писката почива слободно во усната празнина. Додека првиот зурлаџија ја свири мелодијата, вториот го придружува со еден бордунирачки тон (обично основниот тон или негова квинта). Постои еден т.н. „источен“ начин на дишење при свирењето карактеристична исклучиво за зурлата; свирачот успева да го одржи тонот подолго време без пауза со помош на оваа посебна техника. Зурлаџијата зема здив периодично преку нос додека вдувува воздух низ писката преку устата, а за целото тоа време испушта подеднакво количество воздух.низ устата.

Свирачи и репертоар:
    Зурлите секогаш се придружувани со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+