Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Звук Осврти

Интервју со Хавиер Варгас

/3
стр. 1
Васја Ивановски

Javier Vargas

Хавиер Варгас секако е еден од најквалитетните експоненти на европската блуз сцена, со кредибилитет кој оддалеку ги надминува нејзините рамки, според она што досега го има постигнато во кариерата. Редовен гостин на најзначајните светски блуз фестивали (како ѕвезда, а не како нечија предгрупа) и во соработка со најголемите светски блуз имиња го сместува Хавиер Варгас во врвот на современиот блуз идиом. Во ексклузивно интервју за читателите на „Блесок“, Хавиер открива некои непознати детали од својот живот и кариера, ги искажува своите музички афинитети и едноставно зборува за блузот како својата животна определба.

Можеш ли да ми кажеш нешто за твоите музички почетоци? На пример, кога започна да свириш, дали гитарата беше твој прв инструмент кој некако го определи твојот музички исказ?
    Започнав во Аргентина некаде во 1969 година и уште на почетокот знаев дека мојот инструмент е гитарата. Всушност, татко ми ми ја купи првата гитара, беше електрична и мошне ефтина.
    
    Дали некој во твоето семејство активно се занимаваше со музика, така што си можел природно да го следиш тој пат?

    Мојот вујко свиреше виолина и сите во семејството ја сакаа музиката, но само јас се определив да ѝ го посветам целиот свој живот.
    
    Кои беа најраните влијанија кои на некој начин ја дефинираа твојата музичка патека?

    Мои први влијанија беа Џими Хендрикс, Лед Цепелин, Б.Б.Кинг, Френк Запа, Тен Јирс Афтер, Кактус, Блек Сабат, Крим… Во мојот музички пат јас ги собрав овие блуз и рок влијанија, но покрај тоа и латино американски елементи како и соодветна доза на психоделичен звук.

Javier Vargas @ Buddy's

Дали си самоук музичар или имаш некое формално музичко образование?
    Да, јас сум самоук, имав еден кус период со неколку музички лекции кога бев дете, во Аргентина.
    
    Кој период во кариерата го сметаш за најзадоволителен?

    Најдоброто допрва треба да дојде!






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+