Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Звук Осврти

Интервју со Џим Хол

Пресреќен сум кога младите музичари ќе ме „шутнат“ во иднината!


/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Jim Hall

    Џим Хол е еден од најзначајните и најомилените гитаристи во современиот џез. Роден е на 4 декември 1930 година во Бафало, САД. Својот стил на свирење гитара го градел под влијание на легендарните Чарли Кристијан и Џанго Рејнард. Во текот на целата негова кариера долга повеќе од пет децении, тој со секој нов албум и концертна турнеја открива нови аспекти на својот музички гениј. Повеќе пати победувал во категориите за најдобар џез-гитарист по избор на публиката и критиката во извиканите музички магазини Даунбит и Џез тајмс. Во 1997 година ја добива и наградата на њујоршките џез-критичари за најдобар композитор и аранжер, а во следната година е добитник на најпрестижната европска награда, данската Џезпар прајз. Покрај скорешната преокупација со оркестарски и хорски композиции, Џим Хол и понатаму е активен како изведувач, соработувајќи и снимајќи со најразлични состави. Покрај работата со сопственото трио, тој ужива во предизвикот да свири со старите мајстори како Кени Барон, Слајд Хемтон или Рон Картер, но и со актуелните џез ѕвезди од типот на Пет Метини, Џое Ловано, Бил Фризел или Грег Озби. Неговиот музички стил е препознатлив не толку по некаков карактеристичен риф или мотив, туку по неговиот пристап, звук и чувство. Во сето тоа на навистина преубав начин можеа да се уверат и вистинските вљубеници во џезот од земјава.

* Господине Хол, во моментите кога се решивте да настапите на Скопскиот џез фестивал, знаевте ли дека доаѓате во кризно подрачје? Имавте ли некои предзнаења за нашата земја, нашата култура?
    – Знаев единствено дека Македонија е на Балканот, дека во последнава деценија овде кај вас се случуваат работи што го потресуваат светот и тоа беше сè. Со Грег Озби, саксафонистот со кого настапувам во последно време, се распрашувавме за приликите во вашата земја и кога од менаџерот кој ги организира нашите концертни настапи по Европа, инаку Австриец, добивме уверување дека степенот на ризик не треба да биде причината што треба да ја одложи турнејата, нималку не се двоумевме. На крајот на краиштата, ние со години настапуваме во Белфаст, нè има и во Израел, а видовте што се случи и со Светскиот трговски центар. Јас живеам во негова непосредна близина, само неколку блокови подалеку од местото каде што се случи главниот удар. Во основа сум човек што човек што љуби да се среќава со различни луѓе, а не за нив да чита во весниците и затоа не се премислував којнае колку. А, што се однесува до Скопскиот џез фестивал,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+