Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Театар Теорија

Постмодерниот театар - манифестација на теоријата на хаосот

/3
стр. 1
Рејмонд Санер

    Почнувајќи од средината на 60-тите, светот на театарот беше сведок на потребата за нов авангарден театар. Во тоа време, традиционалниот театар (класиците и мјузиклите) беа продуцирани од страна на театарски компании сместени близу до западниот дел на средината на Менхетн, околу Бродвеј, додека оние нови претстави и нови класични поставки кои беа поинтелектуални се одвиваа надвор од централната театарска област, па таквите модерни драми или модерни интерпретации на класиците беа нарекувани Вон-Бродвејски.
    Помалите театри кои не беа во можност да ги исполнат правилата на унијата на Актерската Еднаквост, ги поставуваа своите претстави надвор од унијата и продукциски регулираната средина, па така тие беа преименувани во „Вон-вон-Бродвејски“. Многу од нив се фокусираа на нови драми, повторни поставувања, класици и сл. Како и Бродвејските и ВБ театри, другите ВВБ театри почнуваа да се фокусираат кон свеста и подоцна беа нарекувани ‘авангардни’, ‘експериментални’, ‘уметнички перформанси’, ‘алтернативни’ или ‘концептуални’.
    Овие постмодерни групи ги вклучуваа на пример Мабу Минес, Перформанс групата, Проектот Менхетн, Онтолошко-хистеричниот театар, и писателите / актери / изведувачи како Роберт Вилсон, Стјуарт Шерман, Алисон Нолес итн. Овие нови авангардни групи ги прикажуваа нивните драми претежно во деловите од Менхетн како на пример Долниот Ист Сајд, Сохо, Вилиџ и Бруклин, каде контра-култура на 60-тите цветаше непопречена од комерцијалните притисоци и интелектуалната сомничавост на мејнстрим театарските критичари.
    Карактеристиките на овие постмодерни ВВБ претстави беа нови и радикално различни од оние кои беа прикажувани во традиционалниот Б, ВБ и ‘традиционалниот ВВБ’ театар. Тие навистина брзо ги засенија другите ВВБ групи и терминот ‘ВВБ’ стана заменлив со ‘постмодерен’ за многу театарски критичари и учесници. Според тоа, понатаму во овој текст ‘ВВБ’ ќе се употребува за постмодерната варијанта на ВВБ театарот.
    Grosso modo, модерниот театар се карактеризира со централен наративен заплет кој што се развива на еден логички, последователен начин, како на пример драмите на Пинтер, Сартр или Олби. Актерите заземаат улоги на секојдневни граѓани кои раскажуваат приказна што е базирана на животни трагедии и егзистенцијалистички конфликти и раскажуваната трагедија или комедија се развива по една линеарна линија почнувајќи на почетокот и завршувајќи со последниот чин од драмата.
    Целта на постмодерниот театар беше да ги разбие постојните начини на перцепирањето на светот и на себе самиот. ‘ВВБ’ драмата е замислена да биде еден настан или процес каде публиката и актерите/ нештата/ објектите/ просторот се во ментална интеракција. Фокусот е свеста и помалку емоционалното искуство, политичкиот критицизам или едноставната забава. Намерата на ВВБ театарот е да ја деконструира реалноста, а не да ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+