Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Звук Осврти

Препорачани албуми

/5
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Џон Кеј – Еретици и приватници
    Кроскат Рекордс

John Kay

Добрите познавачи на блузот и рокот секако го паметат составот „Степенволф“ кој остави завиден музички легат во историјата на рокенролот. Успехот на составот се должеше пред сè на неговиот харизматичен лидер и креатор на сиот музички материјал – Џон Кеј. По распадот на „Степенволф“, Џон Кеј се обидуваше, со различен успех, да создаде самостојна кариера, но со доста големи временски периоди помеѓу снимките. Благодарение на германската фирма „Кроскат Рекордс“, европските љубители на музиката имаат ретко задоволство да се запознаат со најновиот музички материјал на Кеј со кој тој им се враќа на своите музички корени, блузот и фолкот, односно времето пред „Степенволф“. Се работи за едно интимно доживување на светот искажано преку (најчесто) акустичен инструментариум, длабоко врежан особено во корените на блузот кој Џон Кеј го презентира со исклучителен филинг. Секоја композиција е приказна за себе, искажана со манир на патувач низ времето и лирски и тематски одбележана со прекрасна интерпретација на Џон Кеј; веројатно негови најдобри вокални изведби воопшто! Со личното искуство на набљудувач на светот, преку широка палета на емоции, Џон Кеј направи вонвременска снимка, а со музичари како Мајк Хендерсон, Стив Кропер, Мајк Атли, Џими Хол и други, не можеш да згрешиш ниту случајно! Ова е еден од моите Топ 10 дискови за 2001. Слушнете го и јавете ми дали се сложувате со мене!

www.rufrecords.de

Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир

Mike Harrison

Што добивате кога ќе направите комбинација на вокалот на Мајк Харисон (екс-Спуки Тут), Хамбург Блуз Бенд (со легендарниот саксофонист Дик Хекстол-Смит), пишувач на текстови од рангот на Пит Браун и продуцентот од профилот на Џим Гејнс? Инстант класика, ете што! Во идзание на „ Руф Рекордс“. Мајк Харисон беше член на „Спуки Тут“, легендарниот британски блуз-рок состав од крајот на шеесетите години, и одамна се смета како еден од најдобрите тамошни вокалисти покрај Пол Роџерс, Крис Фарлоу и Род Стјуарт. Се работи за една одлична колекција на музика, беспрекорно интерпретирана и совршено продуцирана, онака како и му доликува на Џим Гејнс (Сантана, Боб Дилан, Стиви Реј Вон…). Придружен од еден од најдобрите германски блуз состави, Мајк звучи неповторливо, токму онака како што го паметиме, со вокал како шмиргл папир со карактеристично фразирање и доволно емоции за да не остави никого рамнодушен. Како посебен подарок за сладокусците, Мајк Харисон на овој диск ја обработи и „класиката“ на „Спуки Тут“, „Чекајќи ветер“.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+