Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Проза

Ќелави кучиња

Извадок од истоимениот роман


/4
стр. 1
Лилјана Јокиќ Каспар

Песот Боби станува крадец а се спасува од глад со задоцнета вечера

    Госпоѓа Фрида силно удираше во аванот со месинганиот толчник по тврдата грутка шеќер, додека соседот Тодор стоеше на вратата од нејзиниот и Ритиниот стан. Тоа всушност и не беше вистински стан, туку само една огромна соба со шест прозорци коишто гледаа кон улицата, испреградена со различни импровизирани паравани во вид на стари, гломазни шкафови, креденци, завеси, и правливи, посивени крпи. Во централниот дел од просторијата, некогашниот салон на трговецот Мајн, со таван богато украсен со гипсени орнаменти, во аглите еден наспроти друг стоеја два кревети одвоени со паравани, а крај прозорците масивен, старински отоман со избледена навлака, на чијшто потпирач се наѕираше насликан чифт крупни, црвени ружи. Насекаде наоколу по целата просторија беа расфрлани распарени столови и фотелји од различни стилови и епохи, а на секоја од нив се перчеа, со превртени ракави, барем две-три блузи, фустани, избледени пењоари и темни, износени џемпери. На средината на собата стоеше огромна, бела маса со елипсоиден облик, со криви ногарки и на своите изглодани, испукани лавовски шепи, држеше безброј празни и полупразни садови, чинии и подавалници, исечени парчиња леб, лушпи од исчистен лук, а во едно чиниче стоеше исушена и превртена наполу изедена бела торта. Под масата, на голиот, црн под, светкаа неколку барички поради коишто веројатно овој простор страшно смрдеше.
    Госпоѓата Петровиќ пред спиење испи од својата мала како напрсток зелена чашка ракија од бршлен, а потоа заклучи дека една ѝ е малку.
    Зошто не би испила уште една, и онака ќе си легнам, помисли и си сипа само уште половина.
    Впрочем, грлото силно ја мачеше и гребеше во тие зимски денови.
    Зошто секогаш се разболувам во зима, зарем не е полесно да се боледува во лето или пролет? Толку ја стегна, што веќе не беше сигурна како утре ќе оди на пазар.
    И таа, како и многу други, го поминуваше поголемиот дел од својот преостанат живот на пазар, купувајќи и тргувајќи. Тргуваше и купуваше со сопствените паричиња. Ги меткаше и ги превртуваше во џебот, ги допираше, на слепо ги броеше а потоа ги преместуваше од една во друга дланка, секој динар посебно, постојано допирајќи ги со прстите. Секоја пара ја препознаваше со дланката и со врвот на прстот, секоја ја имаше допрено безброј пати, пред да ја извади на светлината на денот и да ја предаде во рацете на продавачките од коишто ќе успееше, благословувајќи и преколнувајќи,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+