Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Проза

Филмски стереотип

/3
стр. 1
Андреа Писац

    Дожделива и темна, мрзелива недела. Филмски стереотип. Лежевме голи во ненаместениот кревет. Веќе неколку ноќи по ред легнувам на местото каде што чаршафот се има неколку пати преклопено и подвиткано под себе. Речиси целиот покривач е врз него. Преку мене само на најженствениот дел. Да не настинам, рече. Секогаш боледува таа моја тешко носива женскост. Со рацете ми ги префатил рамениците и вратот, неподвижен е и ми спие длабоко во кожата.
    – Го љубам – помислувам.
    Тишина. Небото врие и темнее. Чудни, горчливи зачини. Малкуцка претешки, како во индиска кујна.
    – Сонував ноќеска дека сум имала љубовник, еј, ти – прозборувам по момент на двомисла.
    – Ха, ха, ха… – гласно се смее сонливиот човек – Љубовник си имала?
    Ни самата не знам зошто ова го зборувам. Зашто, го љубам. Со сето срце. Среќна сум што имам таков прекрасен човек крај себе. Да, има уште причини поради коишто сум среќна: млада, убава, паметна (сето тоа еднаш водата ќе го однесе). Но, тој човек… Само поради него сум среќна. Што го имам (сето тоа ветрот ќе го одвее).
    – Беше некој русокос Француз.
    – Имаше љубовник Французин??? – со смеа се чуди првиот, единствениот, вечниот љубовник.
    – Да – се засрамувам – зарем клишето се потрошило? Латински љубовник?
    – Ќе врне – помислува тој – И како тоа денеска сепак успеа да заврне? Од ведро небо?
    – Да, ти реков – горделиво повторувам.
    – А утре ќе има и дожд и снег.
    – Молам??? – кука љубовникот.
    – Да.
    – Како знаеш?
    – Гледам временска прогноза – не се предавам, цврсто се држам за телевизиските вистини – ќе има лапавица.
    – Ама што е тоа лапавица? – се налутува тој.
    – Тоа е нешто помеѓу снегулка и капка, тоа е кога… Знаеш, она најодвратното, всушност, еј, ти…
    – Како каллив вир?
    – Да, само што калливиот вир не врне – гледам во празно, во линиите на мојот бел гардеробен орман – во вирот цапнуваш. Тој е животно на тлото. Не знае да лета, не знае да паѓа.
    – Те мамев кога одеше на некои од часовите по култура. Ние останавме кај него во Париз. Ни понуди сместување зашто јас имав големи гради. Уште тогаш ме прозре.
    – Смешна си.
    – Тоа не сум јас.
    Ни самата не знам што ми е. Тој Французин… Ме возбудува. Го ослободувам задниот дел на моето покриено тело. Но, јас сеедно го љубам мојот човек.
    – Последниот ден, во очи на нашето заминување, ти се врати порано. Ние требаше да ги имаме спакувано куферите, но останавме голи во креветот.
    – Голи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+