Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Есеи

Политиката и англискиот јазик

/13
стр. 1
Џорџ Орвел

Претенциозна дикција

    Зборови како што се феномен, елемент, индивидуа, објективно, категорично, ефективно, виртуелно, основно, базично, промовира, конституира, покажува, истражува, искористува, елиминира, ликвидирасе користат за да маскираат едноставни реченици и да им се даде призвук на научна објективност на пристрасни ставови.
    Придавки како што се: епохално, епско, историско, незаборавно, триумфално, прастаро, неизбежно, неумоливо, вистинито, се користат да се им се направат достоинствени болните процеси на меѓународната политика. Оној начин на пишување кој ја глорифицира војната обично добива архаична боја и нејзин типичен начин на пишување ги вклучува следните зборови: царство, трон, кочија, стисната тупаница, трозабец, меч, штит, барјак, чизма, воена труба и сл. Странски зборови и изрази како што се cul de sac, ancien regime, deux ex machina, mutatis, mutandis, status quo, gleishsaltung, weltanschauung, се користат да се даде призвук на елеганција и култура. Освен корисните кратенки, на пр., i.e. (односно), и итн., нема вистинска потреба од ниту една од стотиците странски фрази кои се користат во англискиот јазик. Лошите автори, особено од природните науки, политиката или социологијата, секогаш се прогонувани од идејата дека латинските или грчките зборови се „поголеми“ од изворните, и непотребните зборови како што се експедитивно, амелиорација, екстерно и стотици други постојано се користат наместо изворните зборови[1]. Жаргонот типичен за марксистичката литература (хиена, џелат, канибал, ситнобуржоаска, лакеј, лудо куче, белогардејци, итн.) најмногу се состои од зборови и фрази преведени од руски, германски или француски. Вообичаен начин за создавање нов збор е употреба на латински или грчки корен со соодветна додавка, и каде што е потребно наставката –изира. Најчесто, полесно е да се создаде ваков збор, (дерегионализира, екстрамаритално, нефрагментирано) отколку да се сетиме на домашен збор кој ќе одговара на значењето. Како резултат се зголемува неуредноста и збрканоста.

Бесмислени зборови

    Во некои прозни форми, особено кај ликовната и литературната критика, вообичаено да се сретнат големи пасуси, кои скоро ништо не кажуваат.[2] Зборови како што се романтично, пластично, вредности, човечко, мртво, сентиментално, натурално и виталност, се користат во ликовната критика и се сосема празни, во смисла дека не само што не посочуваат на конкретен објект, туку и читателот веќе не го очекува тоа од нив. Кога еден критичар вели: „Неверојатната особина на делата на господин X се состои во нивниот витален квалитет“, а некој друг „Тоа што најпрво паѓа во очи кај делата на господин X е особеното мртвило“ читателот ги прима само како разлики во мислењата. Но ако се употребат зборови како што се бело и црно, наместо жаргонските мртвило и виталност, читателот

_____________________________________

1. Интересна илустрација за овој проблем е начинот на кој англиските имињата на цвеќиња кои до скоро се употребуваа се заменети со грчки, бела рада станува myosotis, зумбул станува hyacinthus orientalis. Тешко е да се согледа практична причина за оваа помодна промена: тоа е веројатно поради инстинктивното оттргнување на домашниот збор и нејасно чувство дека грчкиот збор е понаучен.
2. Пример: Католицизмот на перцепцијата и сликата на Конфорт, чудно Витмановска по природа, скоро сосема контрастна на естетските норми, продолжува да креира нежно атмосферско кумулативно сеќавање во едно сурово, ненадминливо безвреме… Реј Гардинер успева со тоа што цели кон точката, со голема прецизност. Но, не е сè така лесно, низ неговата наводна задоволувачка тага се проткајува повеќе отколку површната горко– слатка резигнираност.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+