Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Есеи

Доаѓање до свесност за јазикот

/4
стр. 1
Малком Икс

Предговор

    Малколм Икс (Malcolm X, 1925-1965) бил еден од водачите на движењето за човечки права во САД. Неговата животна приказна е пример за тоа како личноста може да се издигне над ситуацијата во која се нашла и да направи многу полезни нешта со себе.
    Од сиромашен сирак, станал криминалец, по што завршил во затвор. Во затворот се приклучил на организацијата Black Muslims, водена од Елајџа Мухамед (Elijah Muhammad) која се залагала за одвојување на црнците од белците. Благодарение на способностите кои самиот ги развил, по излегувањето од затвор се издигнал како еден најефективните проповедници на организацијата. Но, не за долго: ја напуштил кога увидел дека неговиот сакан водач е корумпиран.
    Господинот Икс (името си го дал самиот, како симбол на незнаењето на неговиот народ за себе) на своја рака ја продолжил својата мисија. Основна цел му била да го врати достоинството на обесправениот и обесхрабрен црн човек („Не може ни да помислиме дека некој друг ќе нè прифати се додека не си станеме прифатливи самите на себеси.“), промовирајќи го правото на самоодбрана („Бидете мирољубиви, бидете пристојни, почитувајте го законот, почитувајте ги сите луѓе. Но, ако некој се обиде да ве повреди, сместете го в гроб.“). Американските медиуми го сатанизирале како милитантна верзија на гандиевски ориентираниот др. Мартин Лутер Кинг.
    Во тој период настапила и клучната промена во личната еволуција на Малколм Икс: од расист („црн националист“) станал активист кој се залага за соработка меѓу сите луѓе. Кратко време пред смртта (атентат во Харлем, Њујорк) со помош на писателот Алекс Хејли (познат по книгата „Корени“) Малколм Икс напишал автобиографија, од која е изваден текстот што следи.

Филип Стојановски


    Никогаш не сум бил неактивен. Секогаш сум се трудел да преземам нешто во врска со работите кои сум ги сметал за важни. Изгледа дека поради тоа, додека бев во затвор и не можев да правам нешто друго, почнав да им пишувам писма на луѓето од подземјето, како Семи Макрото, сопственикот на коцкарница Џон Хјуз, крадецот Џампстеди и неколку ситни дилери на дрога. На сите нив им пишував за Алах и Исламот како и за господинот Елајџа Мухамед. Бидејќи не знаев каде живеат, писмата ги адресирав до баровите и клубовите во Харлем или Роксбари каде ги имав запознаено.
    

Малком Икс

    Не добив ниту еден одговор. Просечниот рекетар или криминалец не беше способен да напише обично писмо. Познавав криминалци кои изгледаа остроумно и елегантно, за кои би помислиле дека се инвеститори на берзата, но кои приватно би натерале некој друг да им го






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+