Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Критика

Македонска поетска дијалектика

(предговор кон антологијата „Млада МК поезија“)


/5
стр. 1
Јовица Тасевски - Етернијан

    Разгледувајќи ги структуралните карактеристики на оваа поезија мошне лесно може да се увиди дека во неа лирскиот субјект речиси неодминливо е експлицитно присутен и исклучително рефлексивно активен, при што со брзи промени на аспектот од којшто ни е прикажуван предметот на певот, Маџиров постигнува илуминативен ефект.
    Сето ова е врамено во еден комуникативен поетски дискурс од метонимично-наративен тип.
    Досегашниот поетски фонд на Ивица Антески се одликува со широка тематска разнообразност. Притоа, во неговите лирски остварувања рефлексивноста е високо поставена и има симбиотичен однос со естетизираната емотивна тензија, така што како краен ефект на ваквата поетска конфигурација се добива емоционализираната мисла.
    Исто така, кај Антески може да се сретне и еден вид осовременување на старогрчката митологија, односно, митологизирање на современоста, што се постигнува преку сместување на фрагменти од технолошкото општество во митолошки рамки.
    Поезијата на Антески се одликува со единство на сликата и на ритамот, при што би требало да се истакне дека сликовната димензија на неговата поезија претставува препуштање на несвесниот тек на слободните асоцијации, што неретко како конечен резултат го дава парадоксот. Ова, пак, е во содејство со имплицитниот и експлицитниот интертекстуален однос на неговата поезија со надреализмот.
    Осврнувајќи се кон лексичкиот фонд на поезијата на Антески би можело да се забележи дека тој претставува јазична легура образувана од интелектуализми, техницизми и натурализми, при што овој автор врши инвентивно сопоставување на овие типови лексеми, образувајќи мошне интересни метафорични конструкции. Во оваа насока се и графичките експерименти на Антески, односно, поставувањето на интерпункциските знаци како семантичко тежиште на песната.
    Како доминантни поетски принципи во версифицираното творештво на Маја Апостолоска би можело да бидат издвоени автореференцијалноста и интертекстуалноста. Истакнувањето на фактот дека поезијата на Апостолоска се карактеризира со нагласена автореференцијалност, консеквентно, укажува на тоа дека оваа поетеса длабоко ја промислува својата поетска постапка, односно, темелно го гради својот лирски концепт. Истовремено би можело да се прибележи дека освен тоа што интертекстуалноста во досегашните лирски остварувања на Апостолоска мошне често е неделива од автореференцијалноста, таа е непосредно сврзана со тенденцијата за полемизирање и проникната е со иронија која има интелектуална основа. Следствено, поезијата на Апостолоска би можело да се определи како симбиоза на интелектуалното и креативното.
    Заокружувајќи го разгледувањето на поетските остварувања на Апостолоска од идејно-мотивски и од тематски аспект, не би требало да се одмине и фактот дека во значителен дел од нив е присутна метафизичката тематика со етички елементи што има библиски происход.
    Анализирајќи ја структурата на поетскиот израз на Апостолоска би можело да се заклучи дека оваа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+