Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Галерија Осврти

Отелотворување нa текстот

Приказни под перница на Питер Гринавеј и бришењето на телото


/25
стр. 1
Пола Вилквет-Мариконди

    11. Предлагам, тогаш, дека ниту логосот ниту граматосот треба да бидат привилегирани, затоа што секое такво привилегирање се потпира на поимот за универзалната вистина. Сосема слично не-писмените култури ги разбирале (свесно, несвесно или експериментално) значењето и вистината само како временски и локално релевантни и адекватни. Со раздвојувањето на „знаењето“ од телото на „оној што знае“ и од местото, писмото овозможува апстракција на знаењето, негова преносливост во времето и просторот и следствено, негова универзализација и трајност.
    12. Уште повеќе, алфабетското писмо го дефинира оној што знае како човек и не-човечкиот свет се пренесува во тишина, како неспособен за „говор“. Абрам, кој се согласува со Дерида дека не постои само-идентификуван автор што го озаконува значењето, покажува, како и да е, дека „критиката на Дерида подгризува само доколку некој потврдува дека другиот што пишува е исклучително човечки Друг, само доколку некој прифати дека пишаниот текст е роден исклучително од човечка субјетивност“ (282). Абрам воспоставува хомологија меѓу актот на читање текст и актот на читање животински траги на нашите домородни предци, што е хомологија меѓу нашите обележја – писмото – и она на другите животни. „Предлагам, вели Абрам, дека она што дебне зад сите текстови што ги читаме не е човечки субјект, туку друго животно, друга форма на свест (конечно другост на самата животинската природа)“ (282). Дерида самиот признава дека нашето Западно чувство за она што е писмото е многу ограничено и ограничувачко. Тој покажува, на пример, дека не ги препознаваме како писмо дејствата на луѓето кои го опишуваат нивниот акт на пишување како „гребење“, „стружење“ или „исцртување линии“: „Зарем не е исто да се каже дека луѓето не знаат како да пишуваат бидејќи некој може да го преведе зборот што го користат да го обележат актот на испишување како ,цртање линиѝ, со тоа дека некој би им забранил да „зборуваат“ преведувајќи го еквивалентниот збор со „да плаче“, „да пее“, „да воздивнува“? (Of Grammatology 123). Интересно, како поткрепа на сопствениот аргумент, Дерида наведува пасаж од La Chine, aspects et fonctions psichologiques de l’ecriture на Ж.Жернет, во кое Жернет го расветлува повеќекратното значење на кинескиот збор за пишување, вен. Не само што вен не е ограничен да го обележи пишувањето во потесна смисла, како што е објаснето кај Дерида, туку вен се користи и за да укаже и на не-човечки форми на запис. Обзервациите на Жернет дека вен „се употребува за линиите на карпите и дрвјата, за констелации“ како и за „трагите на птиците и четвороношците






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+