Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Звук Осврти

Интервју со Дарко Рундек

„Наивно го испушивме!“


/5
стр. 1
Љупчо Јолевски

Дарко Рундек е рок музичар и некогашен гласноговорник на култниот „Хаустор“, режисер, поет и еден од апостолите на „новобрановата“ револуција што му се случи на некогашниот Југословенски рокенрол. Разговоров за БЛЕСОК е мемориран на штотуку завршениот „Скопје гори…“ фестивал и во пресрет на обелоденувањето на неговата книга поезија во која ќе се најдат и нам добро познатите песни од досегашните албумски остварувања.

БЛЕСОК: По сиве овие години, во периодов што претпоставува твое зрело творечко доба, си ги поставуваш ли прашањата: „До каде стигнав? Што направив? Како натаму?“
    

Darko Rundek

РУНДЕК: Јас секогаш сум се преиспитувал. Со таквите преиспитувања се ослободуваш од вишокот будалаштини што ги правиш во животот и стануваш многу послободен во опсервацијата на сето она што ти се случува во времето, она што се обидуваш да го забележиш и да го дадеш во форма со која условно некој потоа може да се идентификува. Инаку, како минуваат годините некако како да се ослободувам од некои непишани правила за кои сум мислел дека нешто ми значат. Не сум повеќе толку строг кон себе. Дури слободен сум да ти кажам дека со време станувам поблаг… што не значи помалку критичен … кон себе и кон сопственото дело. Веројатно успевам во обидите да си станам подобар „пријател“… И уште нешто, по толку време, можам да ти кажам дека конечно станав пејач, дека можам во серија да ги отпеам сите концерти без притоа да ми пукне гласот или да калкулирам со него. Некои работи сами од себе си доаѓаат.
    Знаеш, дури и лириката и музиката во обете мои соло изданија се одраз на годините што ги имам. Јас не глумам ни помлад ни постар. Едноставно се обидувам да бидам искрен и вистинит… онаков каков што сум бил секогаш.

БЛЕСОК: Безмалку цела деценија живееш и работиш во Франција, но тоа не те спречува да бидеш присутен и на музичката сцена во Хрватска и во балканскиве земји. Таква ли е твојата проекција за зрелото доба на еден „рокенролер“?
    РУНДЕК: Веќе подолго време со семејството живеам во околината на Париз. Таму е моето времено прибежиште кое е исполнето со многу работа и мигови на спокојство и среќа што единствено можат да ти ги дарат љубената жена и синот, песот и дрвото во дворот. Често патувам во Хрватска што подразбира дека некако ми успева да не го изгубам чекорот. Притоа времето кога сум дома гледам рационално да го искористам, да ги снимам материјалите, да отсвирам неколку концерти и – повторно назад. Ми се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+